ESPORTS.MK

Топ 5 најпретплатени PUBG Mobile јутубери за 2020 година

Топ 5 најпретплатени PUBG Mobile јутубери за 2020 година
декември 26
15:20 2020

Како go-to дестинација за PUBG Mobile стримање и содржина слободно можеме да речеме дека е Youtube. PUBG Mobile е една од најпознатите Battle Royal игри за смартфон каде што целта е да ги победите вашите противници и да преживеете до крајот. Ви ги набројуваме најпретплатените топ 5 PUBG Mobile канали на Youtube за 2020 година.

#5 – Mortal

Оние што го следат и сакаат MortaL, тоа го прават бидејќи тој навистина има импресивен headshot count. Покрај тоа, фановите на оваа игра го ценат овој играч бидејќи има добро Kill-Death ratio на крајот на секоја сезона. Тој користи four-claw grip на неговиот iPad за да игра.

Број на претплатници: 6,28 милиони

Линк до неговиот канал тука.

#4 – Panda

Panda има одличен нишан кога зборуваме за снајпање, што го прави еден од најпосетуваните стримери во светот. Фактот што тој игра без емулатор и има голем број на убиства во секоја игра исто така е за поздрав.

Број на претплатници: 7,81 милиони

Линк до неговиот канал тука.

#3 – Dynamo Gaming

Овој гејмер од Мумбаи исто така може да се пофали со добро снајпање. Неговата способност за комуникација е причината за неговиот голем број на фанови. Тој порано играше со емулатор, но повеќе не го прави тоа.

Број на претплатници: 9,03 милиони

Линк до неговиот канал тука.

#2 – Levinho

Овој стример е доста прецизен што е доволно за да биде следен од неговите фанови на PUBG Mobile на Youtube. Играчите го сакаат неговиот стил на гејмплеј што воедно е доста интересен да се гледа. Неговата брзина и вештина се тие што ги прават неговите видеа уште поинтересни за гледање.

Број на претплатници 9.08 милиони

Линк до неговиот канал тука.

#1 – Atro

Atro доби огромен број на следбеници изминативе неколку месесци што го донесе до самиот врв на табелите на Youtube. Неговиот гејмплеј најчесто е агресивен, а неговата снајперска вештина е навистина ремек дело.

Број на претплатници: 9.36 милиони

Линк до неговиот канал тука.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ