ESPORTS.MK

TNC Predator со нов ростер до поголеми успеси во втората DPC сезона

TNC Predator со нов ростер до поголеми успеси во втората DPC сезона
март 07
15:01 2021

TNC Predator се раздели со kpii и Febby, а ги донесе Bok и Boomy во нивниот ростер.

Одкако не успеаа да се квалификуваат на ONE Esports Singapore Major 2021, TNC се раздели со offlane играчот Damien “kpii” Chok и support играчот Kim “Febby” Yong-min.

TNC играа во горната дивизија на Југоисточна Азија и ја завршија првата сезона со конечен резултата од 4-3, веднаш зад T1 и Neon Esports.

Kpii му се придружи на тимот во 2019 година и им помогна на TNC стигнаа до големи успеси, освојувајќи прво место на ESL ONE Hamburg 2019 и прво место на MDL Chengdu Major.

Febby беше тренер на тимот, а во Јануари 2020 премина во играч на истиот. Покрај тоа што TNC во 2020 не играа најдобро, го освоија првото место на BTS Pro Series Season 4: Southeast Asia, што беше последниот турнир пред новата DPC сезона и наговестуваше позитивни резултати за 2021.

TNC не беше комплетен за кратко време. Откако Omega Esports најавија дека се разделиле со Jun “Bok” Kanehara и Marvin “Boomy” Rushton, за кратко време TNC најави дека овие двајца играчи преминале во нивниот тим.

Bok е offlane играч кој се натпреварува во Азија од 2015 година, а Boomy е support играч кој што е активен од 2013 година. Овие двајца играчи имаат играно заедно во повеќе тимови и одлично се познаваат.

Во следниов период ќе има уште промени во различни тимови, а играчите кои што немаат тим во моментот, се обидуваат на најдат добар тим за да се натпреваруваат во втората DPC сезона.

Ова ќе биде последна шанса за да се квалификуваат во некој Major и тимовите да освојат DPC поени, што би довело до дирекна покана за The International 10.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK