ESPORTS.MK

Тимот Somethin’s Cookin е победник на првиот Brawl Stars Open организиран од Македонската Еспопрт Федерација и ЕSPORT.MK

Тимот Somethin’s Cookin е победник на првиот Brawl Stars Open организиран од Македонската Еспопрт Федерација и ЕSPORT.MK
август 24
00:00 2020

Денеска беа одиграни полуфиналните и финалните мечеви на турнирот Brawl Stars Open организиран од Македонската Еспорт Федерација и ESPORTS.MK заедно со македонскиот јутубер Мартин Гајдов, а првото место на овој турнир го заслужи тимот Somethin’s Cookin.

Полуфиналните мечеви беа одиграни помеѓу тимовите Team Wolf – CG (3-2) и FVX – Somethin’s Cookin (2-3) каде што се иргаше најдобар од 5 меча, а тоа најзаслужено го докажаа тимовите Team Wolf и Somethin’s Cookin каде своите вештини и сили ги покажаа во финалните мечеви.

Финалето исто така се играше најдобар од 5 меча каде што тимот Somethin’s Cookin имаше убедлива победа со серија од 3:0 над тимот Team Wolf и си ја заслужи и главната награда со 6000 денари додека второто место му припадна на Team Wolf со освоени 3000 денари.

Како прв Brawl Stars турнир помина успешно и во најдобар ред благодарение на Македонската Еспорт Федерација и тимот на ESPORTS.MK, а целиот турнир беше пренесуван на каналот на македонскиот јутубер Мартин Гајдов кој може да го најдите на следниот линк тука.

Доколку сакате да ја видите табелата на мечеви од целиот турнир, веднаш после тесктот:

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK