
Со крајот од овогодишната Прва Македонска Еспорт Лига во CS:GO го добиваме и нашиот шампион во CS:GO што ќе игра на Светското Еспорт Првенство во Ејлат, Израел. Тимот на Good Game оваа година успеа да ја освои титулата победувајќи го охридскиот тим на ЕNTiTY со 2:1 во мечеви во финалето меѓу овие два тима.
Инаку во полуфиналните игри на лигата, како прв пар се сретнаа тимовите на ЕNTiTY и Bully и одиграа со резултат од 2:0 за ЕNTiTY. ЕNTiTY подобро се снајде на двете мапи односно Nuke и Inferno каде што забележа победа од 16:4 и 16:6 следствено и навистина покажаа дека сакаат да се финалистиво рундите против тимот на Bully.
Вториот полуфинален меч беше резервиран за тимовите на Trazed Gaming и Good Game. Првата мапа која ја играа беше Dust2 и ја играа малку подолго од вообичаено бидејќи двата тима стигнаа до првите overtime рунди и мечот заврши со резултат од 22:20 за Good Game. На втората мапа Mirage играта течеше по динамично за Good Game каде извојуваа брза победа од 16:5, а вреди да се спомне дека оваа победа ја обезбедија со последно нож убиство од страна на играчот dan1.
Заклучно со ова ние имаме репрезентација во CS:GO што повеќе од достојно ќе не преставува на СЕП 2021, но и на останатите регионални и интернационални натпреварувања закажани за оваа година.
Покрај CS:GO, имаме репрезентација и во Dota2 односно тимот на Blade кои пак ја освоија лигата во оваа игра и секако нашиот еспорт атлет Давид Гаревски успеа да стане претставник во PES21 и ќе го носи црвено-жолтиот дрес на СЕП21 во Ејлат, Израел. а кој беше победник во лигата за PES21 и повторно ја заслужи оваа титула. Останува уште да се оддржи лигата во Tekken7 каде ќе се издвои репрезентативецот за оваа игра и со тоа нашиот состав ќе биде комплетен за оваа сезона.