ESPORTS.MK

Тимот eSports ENTiTY е победникот на првиот VALORANT турнир во Македонија

Тимот eSports ENTiTY е победникот на првиот VALORANT турнир во Македонија
јуни 21
22:39 2020

Left Side Content
Right Side Content
Денеска се одиграа полуфиналето и финалето на македонскиот VALORANT OPEN организиран од Македонската Еспорт Федерација и ESPORTS.MK, а победници на турнирот се eSports ENTiTY.

Тимовите RIP POP SMOKE, eSports ENTiTY, Tetrapak Gang и Nasty Seed денеска се натпреваруваа за влез во финалето на овој турнир. Се играше BO3 (најдобар од три) систем, a екипите кои заслужено си влегоа во финалето се eSports ENTiTY (2) со победа над RIP POP SMOKE (0) и Nasty Seed (2) со победа над Tetrapak Gang (0).

Доста возбудливо, интересно, полно со акција и голема желба за победа беше она што најмногу можеше да се забележи и во двата тима во финалните натпревари на овој турнир. Финалето се играше исто така BO3, а подобар беше тимот еSports ENTiTY со два победени меча над тимот Nasty Seed е победник на првиот VALORANT турнир во Македонија и освоија ваучер вреден 250 евра. На момците од еSports ENTiTY во иднина им посакуваме големи успеси и многу освоени турнири во оваа дисциплина па и на светско ниво GG WP !

Играчите кои играа во тимот eSports ENTiTY се следните:

Александар ‘a11ex’ Печијарески
Кристијан ‘wESTern’ Стојановски
Амир ‘AMIR2hh’ Селами
Димитар ‘kequeq’ Трајкоски
Антонио ‘killax’ Атанасов

 

Да не заборавиме и едно големо браво до оние кои направија овој турнир да биде реалност и успешен, а тоа се Македонската Еспорт Федерација, ESPORTS.MK и спонзорството од страна на ANHOCH.

 

Во продолжение неколку клипови од финалните мечеви.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ