ESPORTS.MK

The International 10 со најголем награден фонд во историјата на еспортот

The International 10 со најголем награден фонд во историјата на еспортот
август 26
14:44 2020

Иако сеуште не се знае кога точно ке се одржи јубилејни от десети по ред The International, она што го знаеме е дека наградниот фонд за овој настан е најголемиот до сега во еспортот.

Уште од првото одржување на овој настан, десет години по ред се руши рекордот за највисок награден фонд во еспорт настан. Минатогодишниот награден фонд изнесуваше преку 34 милиони долари, или точно 34,330,068 долари и звучеше како нешто невозможно и недостижно. Но сепак за TI10 тоа не беше проблем и рекордот е поново срушен на две недели пред истекот на Battle Pass-от.

The International 10 ќе биде во центарот на вниманието поради тоа што е официјално “најбогатиот” еспорт турнир на сите времиња, но и како јубилејни 10ти TI.

За Valve ќе биде премногу тешко да го организира The International поради моменталната ситуација со пандемијата. Како и да е, од компанијата велат дека со голема моќ доаѓа и голема одговорност и дека The International 10 е уште еден голем предизвик за нив.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK