ESPORTS.MK

Team SoloMid е новиот LCS шампион на летниот сплит во 2020 година

Team SoloMid е новиот LCS шампион на летниот сплит во 2020 година
септември 09
19:06 2020

TSM стигна до својата прва титула во LCS од 2017 година и по ред седма, откако во решавачкиот петти натпревар го победија тимот на FlyQuest во големото финале.

И, иако нема ништо ново во LEC, летната сезона 2020 во LCS-лигата имаше исход што малкумина можеа да го претпостават. Откако првата половина од летниот сплит беше обележана од страна на пролетниот шампион Cloud9, и враќањето на Team Liquid кој го освои првото место во регуларната фаза од натпреварувањето, се очекуваше овие две екипи да го кажат главниот збор во борбата за трофејот.

Кога на тоа ќе го додадеме и тешкиот пораз на ТSM од 3: 0 на почетокот на плејофот од Golden Guardians, лесно е да се разбере зошто малкумина им дадоа надеж да обезбедат едно од трите места што водат на Светското првенство, а уште помалку да стигнат до титулата. Но, искусните играчи на ТSM не се предадоа. Тимот на TSM се бореше преку пет натпревари повеќе пати за да на крај стигне до трофејот што им бегаше со години.

Во губитничкиот бараж еден по еден во ред паднаа тимовите на Dignitas, Golden Guardains, Cloud9 и Team Liqud, пред конечно да дојде редот на тимот на FlyQuest, тим кој собра многу симпатии за кратко време, а верноста на навивачите беше наградена со огромен успех.

Може да се каже дека FlyQuest влезе во финалето како благ фаворит откако во плејофот ги победи Cloud9 и Team Liquid, но постојаното подобрување на формата на TSM низ натпреварите во плејофот па се до финалето на шампионатот на крајот им донесе предност на гигантите од LCS лигата. Секој поединец во редовите на TSM значително ја подобри својата играта во претходните неколку натпревари, што можеше да се види во финалето.

TSM го отвори финалето со убедлива победа во првиот натпревар, а во центарот на вниманието уште еднаш се најде маестралниот Soren “Bjergsen” Bjerg со 8/0/10 на Zilean. Вториот натпревар, за жал помина со акцент на паузата што траеше 40 минути, откако ADC-то на FlyQuest Jasonu “WildTurtle” Tran ја загуби електричната енергија во својот стан како резултат на топлотен бран, па на сред натпревар беше преместен во главниот штаб на FlyQuest од каде што продолжи да игра.

FlyQuest ја загуби таа партија, но тоа не ги запре и успеаја да се вратат и да израмнат на 2-2 со притискање на ADC ѕвездата на TSM Yilang, „Doublelift“ Peng. Doublelift го заврши вториот натпревар со резултат 8/1/5 играјќи ja Ashe, за да има вкупен резултат од 2-11-9 на следните два натпревари.

Во петтиот натпревар ТSM решија да се фокусираат на топ лејнот, противничкиот Gangplank постојано беше мета на напади и не само од страната на Twisted Fate’s ultimate spell игран од страна на Bjergsen, и по нешто повеќе од половина час игра ТSM успеаа да го сруши противничкиот нексус за последен пат и да донесат огромна прослава на своите навивачи.

 

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK