ESPORTS.MK

Team Secret елиминиран од ESL One Germany 2020

Team Secret елиминиран од ESL One Germany 2020
октомври 30
23:42 2020

Team Secret поразени на ESL One Germany 2020!

Владеењето на Team Secret на Дота сцената заврши. После осум освоени турнири по ред , во кои во сите финални партии ги победија противниците со 3-0, Team Secret се најдоа во  Lower Bracket на ESL One Germany 2020, каде што паднаа во рацете на Team Liquid.

Победата ја издови Liquid со 2-0, a резултатот беше изненадување за сите. Никој не очекуваше дека нема да ги видиме Secret во финалето и на уште еден турнир.

Пред да започне овој меч, Secret имаа играно многупати против Liquid, каде што против овој тим имаат неверојатен резултат од 18-4.

Бидејќи отпаднаа Secret од ESL One Germany 2020, остануваме со нешто што не сме го виделе одамна, финале на турнир без Secret.

Во игра остануваат уште Mudgolems, Team Liquid и Na’Vi, каде што Na’Vi имаат обезбедено место во финалето, а Liquid и Mudgolems ќе се борат за другото место во финалето.

Останува да видиме каква ќе биде завршницата на овој турнир.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK