ESPORTS.MK

Team Liquid го освоија ESL One Germany 2020

Team Liquid го освоија ESL One Germany 2020
ноември 02
13:20 2020

Откако пред нешто повеќе од година дена Team Liquid го превзеде Alliance Dota 2 тимот, конечно дојдоја до нивниот прв трофеј победувајќи ги Na’Vi 3-1 во финалето на ESL One Germany 2020.

Team Liquid се истакна како потенцијален победник на овој турнир кога во третата рунда од губитничкиот бараж ги победија Team Secret, екипа која ги освои последните осум големи Dota 2 турнири во Европа и ЗНД.

Во финалето Team Liquid беа убедливи во првите две партии и се чинеше дека лесно ќе земат 3-0. Но, Na’Vi успеа да се врати во мечот и да ги спречи во третата партија. На одлучувачката рунда двата тимови направија фатални грешки за на крај Team Liquid да ги искористи пропустите на противниците и да стави точка на ова големо финале.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK