ESPORTS.MK

Team Liquid ги шокираше навивачите – Alphari испратен на клупата

Team Liquid ги шокираше навивачите – Alphari испратен на клупата
јуни 06
16:41 2021

Главниот тренер на Team Liquid Joshua “Jatt” Leesman и се обрати на јавноста по поразот во првото коло од летниот дел од LCS League of Legends шампионатот против TSM со изјавата дека топ лејнерот Barney “Alphari” Morris е отстранет од почетниот состав на неодредено време.

Пред почетокот на летната сезона 2021 година, Alphari дојде како едно од најголемите засилувања во LCS-лигата, која наскоро ја оправда со доминантна игра на топ лејнот што веќе долго време не се гледа во Америка. Навивачите беа крајно лути кога Alphari остана без MVP титулата на крајот од првиот дел од сезоната, а многумина веруваат дека тој е играчот кој го одбележа пролетниот дел од шампионатот.

Затоа, се очекуваше тој да биде главната ударна сила на Team Liquid во остатокот од сезоната, но поради сè уште нејасни околности кои, како што изјави самиот Jatt, не можат да бидат откриени во јавноста во моментов, Alphari нема да игра за првиот тим во следните неколку рунди, па наместо него ќе настапува Thomas „Jenkins“ Tran од академијата на Team Liquid. Alphari беше видно изнервиран на прес-конференцијата по поразот од TSM, а некои неофицијални гласини одат дотаму што сугерираат дека имало физички конфликт помеѓу играчите на Liquid по натпреварот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK