ESPORTS.MK

Team Elephant победници на China Dota 2 Pro Cup Season 2

Team Elephant победници на China Dota 2 Pro Cup Season 2
ноември 29
17:21 2020

Заврши China Pro Cup Season 2 во Дота 2.

Турнирите во регионот на Кина може да се каже дека не се на исто ниво со турнирите на EU сцената, но сепак имаше интересни моменти во втората сезона на China Dota 2 Pro Cup.

Победници на овој турнир се Team Elephant, кој се состои од играчи како Somnus’ M и FY, поранешни играчи на PSG.LGD. Интересно е што Team Elephant во првата рунда во Playoff серијата изгуби од Team Aster и се најдоа во долниот бараж, каде што предводени од капитенот FY успеаа да ги совладаат PSG.LGD и EHOME за да стигнат до финалето каде што повторно се сретнаа со Team Aster, но овој пат на врвот излегоа Team Elephant со победа од 3-0.

Наградниот фонд на овој турнир изнесуваше 91.214 USD или 600.000 CNY. Победниците освоија 30.405 USD, Team Aster како второ пласирани освоија 22.804 USD, трето пласираните EHOME освоија 15.202 USD и PSG.LGD како четврти освоија 9.121 USD.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK