ESPORTS.MK

SwordArt потпиша за TSM, добива 3 милиони годишно

SwordArt потпиша за TSM, добива 3 милиони годишно
ноември 29
16:24 2020

Team SoloMid  официјално го претстави сегашниот светски  вицешампион  Hu “SwordArt” Shuochieh  како нивниот нов support играч. Тој за две години како дел од тимот ќе собере неверојатни шест милиони долари.

SwordArt се прослави играјќи за апсолутниот лидер на LMS-лигата,Flash Wolves, кој по пет години во тимот заминува на крајот на 2018 година и се преселува во Кина каде се приклучува на тимот на Suning. Тој помина две години во лигата на LPL, а кулминација на неговиот успех се случи во текот на минатата сезона кога Suning успеа да се пласира на СП 2020, каде оствари неверојатен успех во плејофот победувајќи ги шампионите и вицешампионите од LPL лигата, пред конечно да биде запрен од корејскиот шампион во големото финале на Светското првенсво на Lol , DAMWON Gaming.

Според гласините, ТSM сакаше да го донесе SwordArt пред се да биде партнер со играчот Yiliang “Doublelift” Peng на bot lane, кој пак изјави дека става крај на својата играчка кариера, но тоа не ги спречи американските шампиони да го донесат SwordArt.

Во интервју за Вашингтон пост, сопственикот на TSM, Andy “Reginald” Dinh, потврди дека „SwordArt“ ќе добие вкупно шест милиони долари за двегодишен договор, што е апсолутен рекорд во LCS-лигата, но според него ова е вредна инвестиција кога тимот останува без лидер. со повлекување на столбот на тимот  Soren “Bjergsen” Bjerg кој ја презеде улогата на главен тренер на тимот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK