
Support разлика од шест милиони долари резултираше со победа на TSM vs EG.
TSM едноставно беа подобри кога требаше да бидат против EG, а тоа значи дека тие земаа добро калулирани ризици во драфтот, следствено играа кон условите за победа кои тие драфтови ги претставуваа, и најважно од се, се повеќе и повеќе личат како правилен тим. Овој перформанс највеќе се должи на добри и концизни одлуки во гејмот од страна на импортот на support позицијата SwordArt, што TSM дефинитивно добро ги инкорпорира во веќе нивното препознатливо одлично диригирање во тимските борби.
It's a 3-1 win for @TSM over @EvilGeniuses as @TSM_SwordArt grabs Player of the Series! #LCS pic.twitter.com/f6PBSYg3tx
— LoLEsports Stats (@LoLEsportsStats) March 28, 2021
TSM наоѓаше континуиран успех кога Huni игра послаби шампиони на топ лејн со цел неговите соиграчи да имаат предност на нивните лејнови во текот на нивниот winstreak во текот на сезоната. Но, сепак треба да се напомене дека не е се тоа што тој знае да игра и тоа го има докажано со пиковите на топ лејн, Nocturne и Camille.
Првиот и вториот гејм од серијата беа доста убедливи победи од страна на TSM и Evil Geniuses. ТЅМ’s Lost доминираше на Xayah во победата на TSM со резултат од 10/1/4 во првиот гејм, додека Deftly го пилотираше доста приоритетниот пик Tristana во вториот гејм со резултат од 7/0/10 и тоа резултираше со победа за EG.
EG беа во водство во поголемиот дел од третиот гејм, се до огромниот контра напад на TSM, каде невниманието на Deftly дозволи да биде уловен од страна на SwordArt’s Nautilus и тоа целосно го сврти гејмот и TSM поведоа со 2-1.
Четвртиот гејм почна со пауза, но прогресираше и дефинитивно не заврши како што почна. Тоа беше дефинитивно вреден финален гејм во оваа серија кој беше цело време напред-назад и јасно беше дека многу мали разлики во одлуките ќе бидат одлучувачкиот фактор за кој ке биде победникот во оваа серија, за разлика од првите два гејма каде едногласно се гледаше победникот.
Секако не може да биде TSM серија без крадењето на неутрални објективи од страна на TSM’s Spica. Една од тие кражби беше доволна да ги уништи последните надежи на EG, кои веќе во тимските борби после ова беа убедливо надиграни од страна на TSM.