ESPORTS.MK

SuppUp со победа од 3-0 ја одбранија титулата ”Шампиони на EBL”

SuppUp со победа од 3-0 ја одбранија титулата ”Шампиони на EBL”
август 18
20:23 2020

SuppUp eSports блескаше во големото финале на седмата сезона на EBL, во кое ги надиграа CR4ZY и без изгубена партија го одбранија трофејот LOL Шампиони на Балканот.

Иако не стигнавме да гледаме 5 партии како што се надевавме, сепак може да се каже дека финалето ги исполни очекувањата и да навистина имаме прилика да уживаме во квалитен LOL.

Првата партија започна релативно мирно се до деветтата минута кога се случи голема битка во која Rift Herald-от беше освоен од страна на SuppUp кој воедно  и беше победникот на таа битка и поведе со водство од 4-1. Со предност од 2000 злато SuppUp се префрли во комплетна офанзива и три минути подоцна доаѓа до нови 3 kills, овој пат на бот лејн и тоа резултираше со уништување на првиот објектив од гејмот.

На истекот на дваесеттата минута SuppUp веќе водеше 8-1 во kills, 5-1 во објективи и 3-0 во dragons, поради што CR4ZY одат на се или ништо и го напаѓаат Baron Nashor и го убиваат, но SuppUp после тоа започнува борба каде го убива целокупниот тим на CR4ZY и продолжуваат да ги притискаат се до истекот на триесеттата минута кога SuppUp доаѓаат до победа со резултат од 24-5.

Втората партија ја одбележа Luka “Lukezy” Trumbić кој преубаво го изигра Lucian на мид лејн против Ryze. Доминацијата на SuppUp најубаво можеше да се види преку акумулираната предност од 5000 злато во само седумнаесеттата минута и едноставно CR4ZY немаа начин да се вратат во игра.

Во 29-тата минута екипата на SuppUp прават ace без да изгубатеден играч од тимот во битката која настана за Dragon Soul и користејќи ги death timers успеаа да ја завршат партијата и да поведат со 2-0.

Во третата партија CR4ZY повторно ја фокусираа Ashe во pick & bann фазата, додека на страна на SuppUp по трети пат гледаме Senna во рацете на тројниот EBL Шшампион Teodora “Vzz” Cholakova. Борбата во третиот гејм започна на топ лејн каде CR4ZY пробаа да ганкнат за да стигнат до првиот kill, но SuppUP сјајно одговорија со Twisted Fate’s ultimate spell и ги надброија своите противници и дојдоа до три kills и само една загуба на нивна страна. Овој пат CR4ZY успеаа да реагираат и да ја превземат иницијативата во партијата, па со тоа дојдоа до три drakes и беа блиску до Dragon Soul, но SuppUp со сјајна борба успеаа да ги спречат во тоа.

Надмоќноста во тимските борби на крај го одреди победникот. SuppUp во 34-тата минута дојдоа до победа откако започнаа борба на мид лејн и со тоа што го победија противничкиот мид лејнер и без изгубен играч прават ace. Со тоа Нексусот е уништен по трети пат и SuppUp дојдоа до друга титула и директен пласман во групната фаза на EU Masters.

 

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK