ESPORTS.MK

SumaiL замена за Boxi во Team Liquid

SumaiL замена за Boxi во Team Liquid
април 24
10:50 2021

На самиот почеток на втората DPC сезона, Team Liquid се приморани да најдат привремена замена за нивниот офлејнер Boxi.

Во информацијата дадена од тимот, Boxi ќе помине некое време со семејството, и нема да биде во можност да игра одреден период. Не беше изјавено за какви семејни проблеми станува збор, со цел да се испочитува приватноста на Boxi.

Додека Boxi е отсутен, Syed “SumaiL” Hassan ќе биде негова замена. Сеуште не се знае дали SumaiL ќе игра на офлејн позицијата или ќе има промена на улоги во тимот. Досега тимот има изиграно само два меча, и имаат една победа и еден пораз.

SumaiL доаѓа во тимот одкако скоро една година не е активен играч. Во 2020 година им се придружи на OG, но не можеше да патува во Европа поради пандемијата. SumaiL и тимот се обидоа да играат, но SumaiL имаше големи пинг проблеми што неможеше да се надминат.

После тоа го видовме во EPIC League со супер стакот од Западна Европа, формиран од Alexey “Solo” Berezin и Roman “RAMZES666” Kushnarev, но поради истите причини не успеаа да стигнат до високо место во турнирот.

Одкако Team Liquid не успеаа да дојдат до позначаен резултат на ONE Esports Singapore Major, мораат да стигнат до високо место на табелата во втората DPC сезона, за да можат да стигнат до следниот Major.

Останува да видиме како оваа промена ќе влијае врз тимот и нивните резултати.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK