ESPORTS.MK

Што се носи новиот Act 2 на VALORANT за неколку дена?

Што се носи новиот Act 2 на VALORANT за неколку дена?
февруари 27
21:39 2021

Отклучето неколку нови скинови со новиот battle pass.

Новиот акт на VALORANT што за помалку од три дена ќе дојде на лајв серверите, Act 2, а фановите ќе можат да отклучат неколку козметички ајтеми за да ја додетализираат нивната опрема. Новиот battle pass вклучува бесплатен и премиум сет, вклучувајќи нови скинови за оружјата, дотатоци за пушките, спрејови како и профилни карти.

Како дел од новите скинови ќе можеме да ја видиме новата Cavalier линија на скинови за оружјата Bucky, Ghost, Operator, Stinger и Vandal. Овие скинови додаваат нови кафени, сребрени и светло сини бои на овие оружја, што го прави искуството со нив доста уникатно

Овој battle pass исто ги вклучува Prism III скиновите за Classic, Judge, Melee, and Odin. Сетот на скинови има исто така три бои меѓу кои розева, светло зелена и сина. Овој skin pass исто содржи Prism III секира што исто така е достапна во три бои.

Со Prism III сакавме да овозможиме на играчите што најчесто не купуваат скинови полесно да дојдат до убавиот изглед на Prism сетот, изјавува Preeti Khanolkar, продуцент на VALORANT. Со додавањето на варијанти на бои на Prism сетот исто така е интересен начин да им овозможиме на играчите да имаат повеќе опции со боите, објаснува тој.

Новиот Polyfrog скин е инспириран од скинот Polyfox што е направивен минатата година, а беше добро прифатен од фановите. Според Khanolkar, новиот скин бил инспириран од жабата на Split.

Фановите исто така можат да ги детализираат нивните оружја со новите Ramen, Mango, Explorgi, Pirate Hat, Headset, Mic, Spike rush и Twitch Hand обетки кои се дел од овој battle pass. Има 12 нови профилни карти вклучени со овој апдејт, но највпечатлива од сите е Cypher vs Sova картата.

Фановите на спрејови можат да отклучат 16 нови спреја од кои дел се Revive Me, Jett како и FF спрејот.

The Episode 2: Act II battle pass ќе биде достапен од 2. март за 1,00 VP. Играчите исто така ќе можат да го отклучат Prism III Classic скинот бесплатно, но Prism III секирата и неколку остатанти работи ќе бидат достапни само за премиум верзијата.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK