ESPORTS.MK

SoNNeikO и No[o]ne во Na’Vi, AS Monaco Gambit ќе игра со замени на AniMajor

SoNNeikO и No[o]ne во Na’Vi, AS Monaco Gambit ќе игра со замени на AniMajor
мај 27
19:55 2021

 

Изненадување од тимовите од Источна Европа. Vladimir “No[o]ne” Minenko и Akbar “SoNNeikO” Butaev го напуштааат AS Monaco Gambit за да играат за Na’Vi на AniMajor и во квалификациите за The International 10. 

Само една недела пред почетокот на AniMajor, AS Monaco Gambit објави дека двајца клучни играчи го напуштаат тимот. SoNNeikO подолг период не бил задоволен со резултатите на тимот, но останал до крајот на втората DPC сезона, кога и му заврши договорот со овој тим. Stanislav “633” Glushan и Artem “Lorenof” Melnick ќе бидат замени за SoNNeikO и No[o]ne во тимот.

По објавата дека ќе го напушта тимот, SoNNeikO го изјави следното:

По првите три порази од втората DPC сезона, го информирав раководството на тимот и самите играчи дека повеќе не верувам дека овој тим ќе реди успеси. Се договоривме да ја доиграме сезоната заедно, но јас се отргнав од капитенската улога, No[o]ne стана одговорен за драфт и координација во тимот, и така успеавме да се квалификуваме за AniMajor, но јас нема да учествувам на овој Major со овој тим. Сакам да им се извинам на моите соиграчи и им посакувам многу успеси на овој турнир.

За помалку од еден час одкако беше објавено дека No[o]ne и SoNNeikO го напуштаат AS Monaco Gambit, Na’Vi објавија дека се разделуваат со Bogdan “Iceberg” Vasilenko и Andrii “ALWAYSWANNAFLY” Bondarenko, а SoNNeikO и No[o]ne ќе бидат нивни замени. SoNNeikO им е добро познат на навивачите на Na’Vi со оглед на тоа што играше долги години во овој тим, а оваа примена повторно го спојува No[o]ne, со Roman “RAMZES666” Kushnarev и Vladimir “RodjER” Nikogosyan, играчи кој играа заедно во Virtus.pro и имаа големи успеси со овој тим.

Останува да видиме како овие промени ќе влијаат врз перформансот на двата тима на AniMajor.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK