ESPORTS.MK

Шокантно – Прекината австралиската LoL лига (OPL)

Шокантно – Прекината австралиската LoL лига (OPL)
октомври 08
12:10 2020

Жална вест за Еспорт заедницата. Riot одеднаш објави затворање на OPL лигата, едно од официјалните натпреварувања што испраќаат претставник на Светското првенство.

Riot денес објави официјално соопштение дека OPL-лигата ќе биде затворена по пет години. Иако Австралија е голем пазар, не успеа да ги исполни очекувањата и според најавата, посакуваните резултати не беа постигнати, поради што лигата се откажува.

Тешко е да се опише со какви емоции играчите и луѓето кои работеа на ова натпреварување ја поздравија оваа одлука, а дека Riot целосно ги крева рацете од Австралија, потврдува и фактот дека тие го затвораат своето претставништво во Сиднеј.

Она што загрижува е дека голем пазар како Австралија не успеа да ги исполни очекувањата на Riot, тешко е да се замисли каква иднина ги чека многу помалите региони кои исто така се борат да напредуваат.

Што се однесува до играчите од Австралија кои се целосно оставени на цедило, Riot барем им дозволи да се асимилираат во LCS-лигата и оние кои имаат среќа да добијат место во тим (пред се во академија) нема да заземат слот за странски играчи.

Riot исто така изјави дека Австралија ќе продолжи да испраќа свој претставник на MSI и на Светскиот куп, иако немаат своја лига, со одржување на два турнира годишно каде најдобриот тим ќе добие чест да го претставува целиот континент. Оваа одлука е крајно бесмислена, бидејќи е незамисливо како аматерски тим ќе се справи со најдобрите тимови во светот. Whildcard регионите се уште имаат проблеми да постигнат успех на меѓународните натпреварувања, а сега без лига и без никаква поддршка нема да останат играчи во Австралија, освен оние кои ќе играат како аматери.

Legacy Esports ќе остане во историјата како последен шампион во Австралија во LoL. Тие го осветлија лицето на својот регион со многу добри игри во play in фазата на СП 2020, каде завршија на второто место во групата А со резултат 3-1, а потоа беа поразени од кинескиот гигант LGD Gaming во одлучувачкиот натпревар за да напредуваат.

Целиот овој случај само потврдува дека особено оваа година, од избивањето на Covid19 епидемијата, индустријата во Е-Спортот е целосно разнишана и дека без нови спонзори и инвеститори, се повеќе тимови и турнири имаат огромни проблеми за да преживеат.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK