ESPORTS.MK

Шест причини зошто треба да играш VALORANT

Шест причини зошто треба да играш VALORANT
март 03
20:17 2021

Ако до пред една година се обидеше да најдеш сериозно добра, компетитивна и максимално забавна игра со пукање во прво лице, ќе се соочеше со еден и единствен избор – CS:GO. Но, работите се сменија.

Се појави уште една алтернатива која има голем и сериозен потенцијал да биде ИГРАТА која ќе доминира во делот на игри со пукање во прво лице.

Се работи за VALORANT, новиот “играч со вистински потенцијал” на гејминг сцената, кој за помалку од една година успеа да намами голем број на играчи кои се повеќе од возбудени и супер задоволни од тоа што го гледаат и играат.

На сите ни е јасно дека не е така лесно да те убедиме дека VALORANT е вистинската игра за тебе. Но, наша обврска е да ти ги напишеме и покажеме 6. причини кои можеби ќе те убедат да веруваш во тоа дека VALORANT е твојот најдобар избор и никогаш нема да се покаеш што си почнал да ја играш.

1. Различни елементи на мапата

Во VALORANT секоја мапа е посебна само по себе. Една има портали, друга има врати што се рушат, додека пак трета има три различни места за поставување бомба. Сите мапи се динамични, помалку контраверзни и даваат еден посебен тек на играта.

2. Уникатни агенти со специјални способности

За разлика од други слични игри, во кои карактерите/агентите личат на “класични војници”, агентите во VALORANT изгледаат како карактери од RPG или MOBA игри, со специјални способности и карактеристики.

3. Секундарно пукање

Добрата работа кај VALORANT е тоа што речиси секое оружје има алтернативно акција, што е одлична вест за новите играчи и нивното “лесно влегување” во играта.

4. Дизајн на играта и начин на играње

VALORANT не се презентира себеси како реална игра. Напротив, VALORANT е 100% научно-фантастична игра и тоа е супер. Дизајнот, начинот на играњето, ефектите и текстурите се чисти, јасни и многу лесни за восприемање. Исто така VALORANT им нуди можност на своите играчи да се гледаат преку ѕидови (ова важи само за играчи од ист тим) со што го олеснува стратешкото планирање.

5. Стратетија

Стратегискиот дел во VALORANT е многу позабавен и поинтуитивен од оној на пример на CS:GO, поради тоа што CS:GO се базира на многу добро и детално помнење на мапите, луди способности за прецизно нишанење и побрзи од светлината реакции на пукање и пратење на ситуацијата. Додека пак кај VALORANT, имаш сè од ова, со плус специјални способности да пуштиш ѕид од оган кој те лекува и прави штета или пак да фрлиш мраз на земјата што ги успорува сите затекнати. Дефинитивно VALORANT нуди повеќе различни и екстремно забавни опции.

6. Red Bull Campus Clutch

Последна, но не и најмалку важна причина зошто твојот избор треба да биде VALORANT е овогодинешниот Red Bul Campus Clutch турнир, првиот глобален турнир за студенти во гејмање за најозборуваната, најгледаната и најиграната игра на годината, VALORANT. Затоа, не се двоуми пријави си тим и биди во игра за парична награда од 20.000 евра и учество на VALORANT Мастерс турнир.

Превземено од: RedBull.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK