ESPORTS.MK

Sentinels се шампиони на VALORANT Masters

Sentinels се шампиони на VALORANT Masters
јуни 01
13:19 2021

Американската екипа Sentinels го освои првиот интернационален лан настан во VALORANT и стана дел од историјата во оваа игра.

Десет најдобри екипи од светот се бореа за титулата на VALORANT Champions Tour Reykjavik Masters. Од почетокот на натпреварувањето, екипата со најмногу поранешни про играчи во CS:GO како што се Shahzeb „ShahZaM“ Khan, Hunter „Sick“ Mims i Tyson „TenZ“ Ngo покажа тотална доминација и успеа да го освои целиот турнир без да изгуби ни една мапа.

Тие во првата фаза од победничкиот бараж го совладаа нивниот противник во финалето, Fnatic, за потоа да се пресметаат со Team Vikings и NUTURN Gaming.

Fnatic преку X10 Esports, Version1, Team Liquid и NUTURN Gaming во губитничкиот бараж стигна до финалето на ова прво интернационално лан натпреварување каде што хрватскиот играч Domagoja „Doma“ Fanceva најмногу се истакна.

Sentinels со оваа победа први се квалификуваа на VALORANT Champions 2021 кој е финален VALORANT еспорт турнир и кој е на некој начин и неофицијален светски шампионат во VALORANT.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK