ESPORTS.MK

Selected Invaders е нашиот нов тим

Selected Invaders е нашиот нов тим
март 20
12:42 2021

После долго време нашата CS:GO заедница добива нов тим кој ветува голема свежина како на нашата сцена така и на регионалната.

SEL.INV е тим составен од добро познати македонски играчи кои со своите претходни настапи имаат докажано дека не се за потценување и дека имаат голем потенцијал да го доведат светскиот CSGO и во нашата држава.

Со лидерот на тимот, hayrediN, поразговаравме за иднината и плановите на тимот, но и за планот како да ја зајакнат нашата национална сцена.

Како дојдовте до идеја да го направите овој тим?

– До идејата за тимот дојдовме откако Јасмин и Кико го напуштија нивниот поранешен тим и сакаа да направиме тим за да играме заедно. Тука се совпаднаа и orion и koki, кој се мои добри другари, па така почнавме да играме заедно со што сите бевме изненадени од резултатите и колку добро ни оди. После разговор со сите, решивме да направиме тим и официјално.

Дали има хемија во тимот и како реагираат другите играчи на идејата?

– Да, има хемија во тимот и можам да кажам дека сум изненаден што сите во тимот се толку позитивни и сакаат да вежбаат, играат и успеат. Со сигурност можам да кажам дека им верувам на сите од тимот и дека овој тим има иднина.

Дали имате идеја како би можеле да ја подобриме македонската сцена и да ја зајакнеме истата?

– Да, мислам дека со повеќе турнири во државата и наоѓање на приходи за играчите, истата може драстично да се промени.

Кои се вашите планови за во иднина, и на кои настани се имате пријавено?

– Сега за сега сме пријавени на турнирот Khamsa и A1 Adria сезона 7. Се надеваме на добри резултати и се надеваме дека секоја шанса ќе ја искористиме до максимум.

Моменталниот состав на Selected Invaders е:

  • Даниел “hayrediN” Хајредин
  • Ангел “orion1z” Трпески
  • Константин “koki” Андреевски
  • Јасмин “JasmiNhs” Муриќ
  • Кристијан “KiKOtb” Стојмановски

ESPORTS.MK им посакува се најдобро и со нетрпение ги очекува нивните национални и меѓународни настапи. #SELINV

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK