ESPORTS.MK

Се ближи крајот на првата DPC сезона

Се ближи крајот на првата DPC сезона
март 01
20:01 2021

На 11ти Mарт завршува DPC сезоната во кинескиот регион и со тоа и првата DPC сезона за годината.

Во скоро сите региони заврши првата DPC сезона за оваа година.

Вчера, на 28ми Февруари се играа решавачките мечеви во регионите на Западна Европа, Југоисточна Азија, Источна Европа(CIS) и Северна Америка за да се утврдаат последните тимови кои ќе се квалификуваат на Singapore Major.

Најдраматично, како и секогаш, беше во Западна Европа, каде што OG, Team Liguid и Tundra Esports се бореа за четвртото и последно место во групата.

Во првата рунда беше изедначено. OG ги победи Tundra Esports, Tundra ги победи Team Liquid, а Liquid ги победи OG. Овие резултати доведоа до втора рунда на решавчки мечеви.

Во првиот меч од втората рунда, OG проба стратегија во нивен стил, каде што Saksa го играше Alchemist на позиција 4, со план Luna на MidOne да добие брз aghanim scepter и OG наеднаш да добијат голема предност. Но Liquid не го дозволи тоа, M’icke на Puck со 14/0/13 -K/D/A, Qojqva на Razor со 14/2/10 – К/D/A и Boxi на Timbersaw со 13/2/10 – K/D/A, ги срушија OG за 22 минути.

Во вториот меч OG се врати на покласична стратегија, каде што Topson го играше неговиот Invoker, а MidOne беше на Monkey King. OG го победија овој меч и со тоа сеуште имаше шанси за Singapore Major.

Но Liquid имаа свои планови, во последниот меч прoтив Tundra Esports му го дадоа Storm Spirit на Qojqva и со тој пик го добија мечот. Qojqva го заврши мечот со 17/0/16 – K/D/A и ги однесе Liquid на Singapore Major.

Во Југоисточна Азија се играше решавачки меч помеѓу Neon и T1. И двата тима се квалификуваа за Singapore Major, но решавачкиот меч се играше за второто место кое што води во групната фаза на Singapore Major, додека пак третото место е Major Wild Card.

Тука победници беа Neon со 2-1, но интересно е тоа што го изгубија првиот меч, но успеаа да се вратат и да ги поразат T1.

Во Источна Европа(CIS) се играше решавачки меч помеѓу Team Spirit и AS Monaco Gambit. AS Monaco Gambit го добија мечот со 2-1, и со тоа го освоија третото место во оваа група и Major Wild Card.

Во овој регион се играше и решавачки меч за останување во горната дивизија на DPC помеѓу Team Empire и Team Unique. Овие два тима се бореа за шестото место во групата, а истото го освои Team Unique со победа од 2-1 над Team Empire.

Во Северна Америка три тима се бореа за првите две места во групата и со тоа квалификација на Singapore Major, но исто така три тима се бореа за опстанок во горната дивизија на DPC. EG, Quincy Crew и Undying ја завршија групната фаза со конечен резултат од 6-1 и поради тоа мораше да играат решавачки мечеви. Очекувано, EG ги победи QC и UND, со тоа го освоија првото место во групата, а QC ги победија UND и го освоија второто место во групата.

Трите тима кои што се бореа за опстанок во горната дивизија беа S A D B O Y S, Black N Yellow и A – Team. Трите тима ја завшија групната фаза со конечен резултат од 2-5 и мораше да играат решавачки мечеви за петтото и шесттото место во групата. S A D B O Y S ги победија BNY и A – Team и со тоа го освоија петтото место во групата, а Black N Yellow ги победија A – Team и се изборија за шесттото место во групата и опстанок во горната дивизија.

Тимовите кои се квалификуваа за Singгаpore Major се следните:

Западна Европа

1. Team Secret
2. Alliance
3. Nigma
4. Team Liquid

Југоисточна Азија

1. Fnatic
2. Neon Esports
3. T1

Источна Европа(CIS)

1. Virtus Pro
2. Na’Vi
3. AS Monaco Gabmit

Северна Америка

1. Evil Genuieses
2. Quincy Crew

Јужна Америка

1. Beastcoast
2. Tunder Predator

Чекаме да видиме кои ќе бидат последните четири тима од регионот на Кина, во овој регион покасно завшува DPC сезоната бидејќи се совпадна со кинеската нова година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK