ESPORTS.MK

Schalke 04 потврди дека нивното место во LEC е за продажба

Schalke 04 потврди дека нивното место во LEC е за продажба
јуни 09
20:17 2021

Schalke 04 потврди дека нивното место во LEC е отворено за продажба. Управниот директор на тимот за еспорт, Tim Reichert, за The Esports Observer изјави дека дискусии се во тек, но „сè уште нема конечна одлука“. Сепак, Reichert исто така верува дека новост може да има за „10-14 дена“.

Еспортското крило на фудбалскиот клуб Schalke 04 моментално работи со тимови во League of Legends, FIFA, и Pro Evolution Soccer. Сепак, поради тековните финансиски проблеми – кои се препишуваат на сеуште траечката пандемија – веќе неколку месеци се шпекулира за иднината на тимот. Уште во февруари, Reichert, рече дека продажба е можна. Со овој последен update, се чини дека е многу веројатно да видиме нов тим што ќе го заземе местото на Schalke 04 во LEC.

Schalke 04 најпрво влезе во LEC (тогаш EU LCS) во летото 2016 година, откако го откупи тимот од Elements. После катастрофалниот прв сплит, тимот беше религиран во Challenger Series, но се врати во највисоко ниво на европското натпреварување на почетокот на 2018 година. Оттогаш, тимот доживеа мешан успех, губејќи го своето место на Светското првенство на G2 во 2018 година, додека се бореше да остави добар впечаток во поголемиот дел од минатата година.

Тие сепак остварија добар успех во Пролетниот сплит во 2021 година со освојување на четвртото место, но сега со некои значителни промени во тимот ( Повлекувањето на клупа на  Erberk ‘Gilius’ Demir за да се направи место за Thomas ‘Kirei’ Yuen, како и новиот мид лејнер Ilias ‘Nuclearint’ Bizriken наместо Felix ‘Abbedagge’ Braun кој си замина од S04) не се знае дали S04 ќе може да го повтори успехот или пак да постигне подобар резултат оваа сезона.

Со почетокот на летниот сплит во 2021 година, за нешто помалку од една недела, нема да треба многу време за да видиме дали оваа постава на S04 ќе може да направи феноменален final stand пред да се одлучи за судбината на клубот.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ