ESPORTS.MK

Романија е нов домаќин на The International 10

Романија е нов домаќин на The International 10
јули 08
11:15 2021

Најголемиот еспорт турнир ќе биде одржан на Балканот поточно во Романија.

Десетиот по ред The International требаше да се одржи во Шведска, но пред две недели беше објавено од Valve дека е потребно да се бара нов домаќин поради што не беше можно да се пронајде олеснителна околност околу патните исправи на играчите.

Иако помеѓу фанови се претпоставуваше дека домаќини ќе бидат Русија или Украина, одлуката на крај падна на Романија.

The International 10 ќе биде одржан на националниот стадион во Букурешт кој е домаќин на романската фудбалска федерација. Стадиот може да угости 55.000 гледачи, а е отворен во 2011 година.

Иако Valve најде брзо решение, The International 10 ќе биде одложен за октомври наместо август како што беше претходно планирано.

Групната фаза ќе се игра од 7 до 10 октомври, додека плејоф фазата ќе започне на 12 октомври. Големото финале е закажано за 17 октомври каде што и ќе го имаме новиот TI шампион.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK