
Како последна во низата на игри од CSGO, Dota2 и PES21, конечно Tekken 7 го доби својот првак и шампион кој ќе не претставува на овогодишното СЕП во Ејлат, Израел. Заклучно со овој PS4 наслов, Северна Македонија го добива и последниот репрезентативец, а со тоа се комплетира ростерот за претстојните регионални и интернационални натпреварувања за 2021 сезона.
Изминатиот викенд Tekken заедницата, но и сите ние можевме да бидеме дел од квалификациите и лигата од овие национални квалификации каде најдобрите „тепачи“ можеа официјално да ги одмерат силите и да видат кој е посилниот за оваа година. Целата Tekken 7 лига се состоеше од квалификации, групна фаза и секако плеј оф.
Од вкупно 14 пријавени играчи кои беа поделени во две групи и играа по принцип Round Robin x1 во својата група, како најдобри се издвоија Rogue_Identity, RFD_Yamato, Piperot и The Predator од групата А, додека најуспешни во групата Б беа RFD_Spades, Hellinho, maki4ko и PsyMaki.
Овие оссумина го формираа double elimination брекетот од регуларниот дел од лигата и како квалификувани ја продолжија борбата за место во големото финале. Дефинитивно неприкосновен во својата игра беше Rogue_Identity кој што не изгуби ниту еден меч, сем последната мајсторка во т.н. Grand Finals каде заврши со резултат од 2:1 во победени бо5 серии против второ пласираниот, но подеднакво спремен RFD_Spades. Како трет од ова натпреварување заврши RFD_Yamato кој беше поразен од RFD_Spades во губитничкиот брекет и не успеа да дојде до шанса да му се спротистави на Rogue_Identity во големото финале.
Заклучно со оваа лига, Македонската Еспорт Федерација ги има четирите репрезентации на игрите кои ќе се играат на СЕП 2021 во Ејлат, Израел, а во организација на Интернационалната Еспорт Федерација (ИЕСФ) каде што се долгогодишни членки.
Секако настантот не би бил ист ако не настапија и RFD_Yamato, PsyMaki и Hellinho како кастери за оваа лига кои повеќе од достојно, со огромна желба и елан го пренесоа настанот до малите екрани преку твич каналот на МЕСФ.
Да споменеме дека најдобрите во нашите граници на официјални натпреварувања се Good Game во CSGO, Blade во Dota2, Давид Гаревски во PES21 и секако Rogue_Identity во Tekken 7 и им посакуваме многу среќа во оваа гејминг сезона, GGWP дечки!