ESPORTS.MK

Rogue склопи партнерство со x-kom AGO за формирање академски тим AGO ROGUE

Rogue склопи партнерство со x-kom AGO за формирање академски тим AGO ROGUE
декември 22
17:07 2019

Rogue се здружи со полската еспорт организација x-kom AGO за да креираат академски тим во League of Legends во полската лига, Ултралига.

Тимот ќе биде познат како AGO ROGUE (порано Rogue EC), a Rogue ќе ги преземе селекциите и развојот на кариерата на своите членови во тимот. X-kom AGO ќе обезбеди поддршка за воспоставување обука во Варшава, Полска.

X-kom AGO покажа дека тие се лидери и во спортски аспект како и во комерцијализацијата на имотот на клубовите на еспортот. Рече Anna Baumann во соопштението, управен диерктор на Rogue. Возбудени сме да ја продолжиме нашата успешна приказна со здружените сили, развивајќи блудни играчи за интернационалната сцена додека ги поврзуваме уште поблиску до нашите навивачи во Полска со посветен маркетинг пристап.

На Reddit, Rogue потврди дека првиот потпис за овој тим ќе биде поранешниот играч mid laner Pawel “Woolite” Pruski.

Rogue исто така планира со текот на времето да испорача нови содржини за навивачите на тимот и со тек на време ќе има посветени канали на социјалните медиуми, инсајдерски погледи и повеќе. Ако AGO ROGU се покаже како успешна екипа, би можеле да ги видиме на EU Masters турнирот во иднина.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK