ESPORTS.MK

Riot: LCS беше третата најпопуларна професионална спортска лига помеѓу помладата публика во САД за 2019 година.

Riot: LCS беше третата најпопуларна професионална спортска лига помеѓу помладата публика во САД за 2019 година.
декември 17
15:48 2019

Крајот на годината брзо се приближува, а како фановите на северно американската лига во League of Legends гледаат наназад во 2019 година, има многу работи за кои треба да се прослави.

LCS им посака добредојде на неколку нови партнери, имаше голем број на гледаност и беше една од најпопуларните големи професионални спортски лиги помеѓу најмладите во САД за 2019 година, според статистиката на Riot Games.

Riot Games изјави дека LCS била третата најпопуларна професионална спортска лига во САД помеѓу 18 до 34-годишна возраст базирано на live average minute audience (АМА), според податоците собрани од Nielsen. Како и да е, не беа дадени информации за тоа кои спортови беа пред или позади LCS за 2019 година.

Над 53,000 фанови ја гледаа лигата во живо во текот на годината, без разлика дали тоа беше на LCS Studios во Лос Анџелес или во Детроит и Сент Луис за финалето. Всушност, LCS лигата помогнала да се зајакне економијата на Детроит за неверојатни 5,44 милиони долари.

2019 LCS Spring Finals имаше импресивни броеви, како 609,000 гледачи истовремено и 433,000 гледачи, следеќи го TSM против Team Liquid за LCS championship. За споредба, 2019 LEC Spring Finals имаше најголем број прегледи од 477,666.

Во 2019 година, LCS воведе 12 партнери во лигата, вклучувајќи ги Alienware, Honda, Mastercard, Panasonic, Rocket Mortgage и State Farm. Скоро сите партнери во лигата се склучија со повеќегодишни договори.

Постојат многу работи за фановите на северно американската лига да бидат возбудени во 2020 година. Нови тимови и играчи влегоа во регионот, што е ветувачки дека ќе донесат многу мотивација за остатокот од настапите во иднина.

2020 LCS Spring Split ќе започне на 25 јануари.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK