ESPORTS.MK

Riot Games ќе го промовира еспортот на VALORANT

Riot Games ќе го промовира еспортот на VALORANT
март 02
19:52 2021

Riot Games почнува со промоција на VALORANT esports, но овој пат фронтот е и самата игра, вооружувајќи го овој наслов со уште еден алат за да ги засили своите идни настани за овој брзо растечки FPS наслов.

Riot ќе вметнат брендирање за VALORANT Masters турнирот вклучувајќи го и VALORANT Champions Tour натпреварот на различни локации ширум пет различни мапи што ќе бидат видени од сите играчи од целиот свет. Додека реалните бројки сеуште не се познати, VALORANT има база на корисници што брои десетици милиони играчи кои растат од самото дебитирање на играта во минатата година.

Слика каде се покажуваат една од сцените сликани за време на играњето на еден од бета тест инфлуенсерите протече на Twitter минатиот викенд односно од основачот на 404Haven и поранешен главен тренер на Valiant од Лос Анџелес, Henry „Cuddles“ Coxall.

Наоѓање на начини за прослава и официјализирање на нашиот еспорт во самата игра VALORANT бил и е сеуште најголем приоритет на нашиот тим. Ова е одличен прв чекор за да се зголеми свеста за големте настани што се случуваат во VALORANT еспорт сцената и истите да се доближат до сите играчи низ целиот свет, а ние ќе продолжиме да истражуваме нови начини за содавање на унифицирано искуство помеѓу играта и еспортот во иднина, вели Ksara Jafroodi, главниот одговорен за еспорт стратегијата на VALORANT.

Подоцнежните скриншотови кои се обезбедени од Riot покажуваат билборд и дигитален екран на различни делови на мапите каде што се рекламира VALORANT Masters што е закажан за крајот на март. Играчите ќе можат да ги забележат овие промоции во наредниот апдејт.

Ова е уште еден чекор од Riot Games каде што се потврдува дека ќе се превземаат разни мерки за маркетинг и промоција на својот еспорт. Ова треба да помогне да се рашири зборот за сцената што ја имаат тие и полесно да допре до оние кои ја ценат најмногу, а тоа се самите играчи.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK