
Од Riot Games потврдуваат дека League of Legends: Wild Rift, ќе има конечно свој и воопшто прв глобален еспорт турнир во последната четвртина од 2021 година.
Објавата се обелодени за време на прес конференцијата на Riot Games што се случи вчера, заедно со детали поврзани за идните еспорт планови за Teamfight Tactics и Valorant, новите промени во League of Legends и секако новото партнерстсво со фирмата за периферии HyperX.
Leo Faria, главното и одговорно лице за еспортот на Wild Rift објасни дека по успехот на SEA Icon Series, се планираат уште регионални турнири што допрва треба да се објават. Деталите поврзани за тоа кои региони ќе бидат тергетирани или кога ќе се случат овие настани ќе бидат објавени скоро.
За време на прес конференцијата, дивелоперот исто така објави нови Valorant шампионски тури во соработка со партнерот HyperX.
Како резултат на повеќегодишна соработка, HyperX стана официјалниот спонзор на VCT за гејмерски тастатури, глувчиња како и маус падови.
Ние сме возбудени што ќе стапиме во партнерство со Riot Games, вели Jessany Van’t Hoff, одговорната за глобалните гејминг партнерства во HyperX. За речиси две години, Valorant успеа да создаде огромна заедница, а сега веќе еволуираше во глобален еспорт турнир. Веќе цела една декада, HyperX ги спонзорира проеспорт тимовите и турнирите.
Riot Games велат дека ова е трет VCT Masters настан што ќе се случува во живо во Берлин, Германија. Тие додаваат дека натпреварувањето ќе биде проширено од 10 на 16 тима.
VCT Stage 2 Masters настанот во Рејкјавик е закажан да почне на 24. мај, веднаш по League of Legends Mid-Season Invitational.
Можеме слободно да кажеме дека Riot Games ни откри доста информации поврзани со нивните еспорт планови за остатокот на 2021 година. Воведувањето на Wild Rift Global Championship е секако интересна работа и продолжува да го потенцира растот на мобилниот еспорт. Дополнително, експанзијата на VCT Masters и Valorant партнерството со HyperX го одбележува рапидниот раст на еспорот на овој наслов.