ESPORTS.MK

Relog Media со турнир на светско ниво

Relog Media со турнир на светско ниво
мај 31
22:00 2020

Relog Media објави дека ќе организираат турнир во четири фази, со вкупен награден фонд од 200 000 долари.

Онлајн евентот кој е именуван „9 до 5“ за да го одрази временскиот период во кој ќе се играат сите натпревари. Ќе има голема сума од 200,000 американски долари во текот на своите четири фази, а ќе се одвива од 29ти јуни па се до 15ти јули.

Секоја од фазите во турнирот ќе има 4 групи со GSL формат и вкупно 16 екипи кои ќе се натпреваруваат. Во него, на осумте квалификувани екипи ќе им се придружат ист број на поканети, каде најдобрите осум екипи ќе осигураат плеј-оф финиш.

Квалификуваните екипи ќе се натпреваруваат во првото рунда, а четири поканети екипи ќе ги чекаат победниците во четвртфиналето. Плеј-офот ќе кулминира со големо финале каде победниците дома ќе си отидат 35 000 долари побогати,  додека вицешампионите ќе добијат 15 000 долари.

Распоредот за четирите фази од турнирот е следниот:

Прва фаза од турнирот: 29 јуни – 15 јули
Втора фаза од турнирот: 20 јули – 5 август
Трета фаза од турнирот: 10 август – 26 август
Четврта фаза од турнирот: 31 август – 16 септември

Spirit, GODSENT и Heroic досега се единствените потврдени екипи што ќе учествуваат во една од фазите од турнирот, со преостанатиот дел од тимовите да бидат откриени на понатамошен датум.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK