ESPORTS.MK

Relog Media со лан турнир во Белград

Relog Media со лан турнир во Белград
април 17
12:13 2021

Relog Media го објавија својот прв лан настан под името LAN Sweet LAN кој ќе биде одржан следната година во Белград.

Настанот покрај тоа што ќе биде лан, има и награден фонд од 250,000$ за кој ќе имаат шанси да се борат 16 екипи од целиот свет.

Relog ќе им даде дирекна покана на четири тимови, додека останатите 12 ќе имаат шанса да се квалификуваат преку LAN Sweet LAN турнирите.

FunPlus Phoenix, HAVU и Mousesports се првите три квалификувани тимови преку вториот метод на квалификации, Snow Sweet Snow, со што остануваат уште само девет отворени места.

Настанот првично беше именуван Home Sweet Home за да остане во серија со претходните турнири но, HLTV објави дека истиот е преименуван во LAN Sweet LAN.

Моментално се игра Spring Sweet Spring One каде што победникот покрај наградата од 40,000$ ќе добие покана за LAN Sweet LAN.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK