ESPORTS.MK

Rell – The Iron Maiden е следниот LoL херој

Rell – The Iron Maiden е следниот LoL херој
ноември 24
14:49 2020

Riot Games го откри наредниот League of Legends херој, Rell – The Iron Maiden. Tank кој ќе игра примарно support позиција според првите нагаѓања.

Нејзината пасивна моќ – Break the Mold ќе и овозможи со нејзините удари да го краде дел од armor-от и magic resist-от на противникот и тоа на повеќе од нив истовремено со што во тимските борби тоа би имало голема предност.

Q магијата – Shattering Strike е класична damage магија која може да удри повеќе противници одеднаш иако штетата предизвикана на другите херои освен главната мета ќе биде значително помала. Исто така оваа магија го крши штитот на противникот.

W магијата е поделена на два делови. Првиот дел се вика Ferromancy: Crash Down и него може да се активира само кога јава коњ. Ако тогаш се фрли W магијата, се спушта од коњот кој се претвора во магичен оклоп околу неа,и и дава голем штит кој трае додека противникот не го уништи. Откако ќе слезе од коњот се прави knokback ефект на противникот, а додека е на земја можат да се фрлат E и R магиите. Кога ќе слезе од коњот, Rell добива друга форма која се вика Ferromancy: Mount Up.

E магијата – Attract and Repel фрла дел од нејзиниот оклоп на своите соиграчи кој што им дава armor и magic resist, а кога повторо ќе ја фрли Е сите противници околу Rell и нејзините соиграчи се stun-овани.

Нејзината ultimate магија се вика Magnet Storm. Како што самото име кажува, Rell предизвикува магнетно невреме со кое ги повлекува противничките херои према себе, се креира магнетно поле кое неколку секунди продолжува да ги повлекува противничките херои кон неа.

Во продолжение имате видео каде што можете да ги погледнете сите магии.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK