ESPORTS.MK

Red Bull Campus Clutch втори квалификации

Red Bull Campus Clutch втори квалификации
април 05
18:52 2021

Вторите квалификации за Red Bull Campus Clutch се одиграа вчера. Настанот можевте да го проследните на каналот на GG.MK, каде што седум тима се бореа за последните две места во националното финале.

AX Team, Damla, Guglinja, Black Bulls, nSC E-Sport, Brotagonist1G и Nasty Seed беа тимовите што ни приредија одлични мечеви во вторите квалификации.

Денот започна со Damla против Guglinja. Почетокот на мечот беше во полза на Guglinja, стратегијата што ја имаа во текот на првите рунди беше одлична, а движењето по мапата им беше безпрекорно. Во еден момент овој тим имаше и предност од 6-1 во изиграни рунди. Се чинеше дека мечот е во рацете на Guglinja, и покрај тоа што Damla успеаа да вратат неколку рунди, Damla се вратија со стил, победувајќи неколку рунди во серија, за на крај и да го добијат мечот со резултат од 10-13. MVP на мечот беше Labavoto на Jett, кој што го предводеше својот тим до победа, со скор од 25/13/2 – K/D/A.

Паралелно со овој меч се играа и мечeви помеѓу Black Bulls и nSC E-Sport, и Brotagonist1G против Nasty Seed. Black Bulls беше тим што играше и во првите квалификации, но поради техничи проблеми не можеа да играат во втората рунда. Но упорноста е секогаш за пофалба, се вратија во вторите квалификации и издвоија победа во првиот меч против nSC E-Sport со конечен резутлтат од 8-13. MVP на мечот беше 3yZ, на неговиот Jett, со конечен скор од 29/12/0 – K/D/A .

Nasty Seed покажаа доминација во нивниот меч против Brotagonist1G. Го победија мечот релативно лесно со резултат од 6-13, и се пласираа во втората рунда од горниот бараж на квалификациите. Во центарот на вниманието на овој меч беа Ghost2k и Bajo на Phoenix и Raze, со безмалку ист K/D/A скор, односно 24/15/5 за Ghost2k, a 24/12/2 за Bajo.

Тимовите кои  се натпреваруваа во втората рунда од горната дивизија беа, AX Team, Damla, Black Bulls и Nasty Seed, додека пак Guglinja, nSC E-Sport и Brotagonist1G се најдоа во долниот бараж од квалификациите.

Бидејќи имаше непарен број на тимови AX Team дирекно се квалификуваше во втората рунда од турнирот, а таму се најдоа со Damla. Damla можеме да го наречеме тимот на пресврти во овие квалификации, бидејќи и во овој меч губеа на почетокот, не со голема разлика како против Guglinja, но континуирано бркаа резултат, за на крајот на мечот повторно да направат пресврт и да го победат мечот со конечен резултат од 13 – 11. MVP  на мечот повторно беше Labavoto на Jett , со скор од 29/18/7 – K/D/A.

Вториот меч од втората рунда беше помеѓу Nasty Seed и Black Bulls. И во овој меч Nasty Seed покажаа дека се еден од најдобрите тимови во Македонија. Покрај тоа што на почетокот губеа за мала разлика, после десетата рунда, односно резултат од 5-5, мечот целосно се сврте за на крај да заврши 13-5 во полза на Nasty Seed. MVP на овој меч беше Ghost2k на Omen, со конечен скор од 27/11/6 – K/D/A.

Третата рунда, односно финалето во горниот бараж се играше помеѓу Damla и Nasty Seeed. Овој меч, тимот на Damla не успеаа да го свртат, Nasty Seed беа доминантни во текот на целиот меч, и издовија лесна победа над Damla, со конечен резултат од 13-3. Тимот беше предводен од Bajo и Ghost2k. Овие играчи го завршија мечот со конечен скор од 23/6/7-K/D/A за Bajo на Raze, a 23/6/5 – K/D/A за Ghost2k на Phoenix. Со оваа победа, Nasty Seed го освои едно од двете слободни места за националното финале на 11ти април.

Во долниот бараж пак nSC E-Sport покажаа дека не се за потценување. Успеаа да ги победат, Brotagonist1G, AX Team и Black Bulls за да стигнат во финалето на долниот бараж против Damla. Во овој меч nSC E-Sport ја покажаа својата доминација. Со леснотија ги поразија Damla, со конечениот резултат од 1-13. Со оваа победа тимот на nSC E-Sport  го освоија второто слободно место во националното финале. MVP на овој меч беше Pyt10 на Jett, со конечен скор од 24/7/2 – K/D/A.

Со завршувањето на вторите квалификации, ги добивме четирите тима кои што ќе играат во националното финале на 11ти април. Team Zelka, eSports ENTiTY, Nasty Seed и nSC E-Sport ќе се борат за првото место и честа да ја претставуваат Македонија на светското финале на Red Bull Campus Clutch.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK