ESPORTS.MK

Red Bull Campus Clutch први квалификации

Red Bull Campus Clutch први квалификации
март 29
19:04 2021

Во текот на вчерашниот ден, на каналот на GG.MK се одиграа првите отворени квалификации за турнирот, каде што шест тима се бореа за место во националното финале, кое ќе се одржува на 11ти Април.

Турнирот започна со меч помеѓу Team Zelka и Team Haos . Team Zelka беа доминантни во овој меч и конечниот резултат заврши со 0-13. Сите играчи од Zelka придонесоа во победата, но најдобар беше DADDY. Со 19/5/3 – K/D/A, и со тоа го предводеше својот тим до победа.

Вториот меч што се одигра беше помеѓу Black Bull и E-Sportisti. Black Bull, по примерот од Team Zelka од првиот меч, ги победи E-Sportisti со 0-13, и се најде во втората рудна на турнирот. Најдобар во тимот и MVP на овој меч беше Ek1, кој покажа одлично движење и прецизност на својот Jett, и го заврши мечот со скор од 20/5/3 – K/D/A.

Со овие победи, овие два тима продолжија во втората рунда, каде што ги чекаа тимовите на Chaos Order и ENTiTY. Мечевите што следеа беа eSports ENTiTY против Black Bull, и Chaos Order против Team Zelka.

ENTiTY влезе како фаворит во овој меч, но Black Bull не се за потценување, мечот заврши со конечен резултат од 13-8, но беше возбудливо до самиот крај. ENTiTY обезбеди водство од самиот почеток и го држеше истото до крај, но на неколку наврати Black Bull беше блиску до израмнување.  Најдобар играч на овој меч беше Legolas на Reyna, со конечен скор од 23/17/9 – K/D/A, додека пак за Black Bull топ фрагер беше Ek1 повторно на Jett со скор од 27/17/2 – K/D/A.

Во следниот меч, Team Zelka повторно со лесно го поразија нивниот противник. Конечниот резултат на мечот помеѓу Zelka и Chaos Order беше 0-13 во полза на Zelka, каде што MVP повторно беше DADDY со конечен скор од 21/7/6 – K/D/A.

Со овие резултати, Team Zelka и eSports ENTiTY се најдоа во финалето на горниот бараж од турнирот, додека пак Black Bull, E-Sportisti, Haos и Chaos Order мораше да играа дополнителни мечеви во долниот бараж, за да имаат шанса да се најдат во финалето на турнирот.

Финалето од горниот бараж со сигурност можеме да кажеме дека беше највозбудлив, Team Zelka против ENTiTY. Zelka го имаа водството од самиот почеток, дури на еден момент и резултатот беше 5-1 во полза на Zelka. Во текот на целиот меч, Zelka го имаа водството и покрај тоа што ENTiTY успеаја да се доближат.  Резултатот беше 12-10 во полза на Zelka,  и фалеше само уште една рунда за Team Zelka да им го нанесе првиот пораз на ENTiTY во досегашните настапи на националните турнири и да обезбедат место во националното финале, ENTiTY успеаја да ги победат следните четири рунди и со тоа да го добијат мечот со конечен резултат од 12-14, со што и обезбедија мество во финалето на 11ти Април.

Со овoj резултат, Zelka се најде во долниот бараж и мораше да игра уште еден меч, финале на долниот бараж, за да освои место во финалето на 11ти Април. Во финалето на долниот бараж стигна Black Bull со победи над Haos и E-Sportisti. Но поради техничи проблеми, Black Bull не успеаја да се вклучат на мечот и со тоа се откажаа од натпреварувањето. Тимот на E-Sportisti го зема нивното место во финалето против Team Zelka.

Финалето во долниот бараж  беше рутина за Zelka, и овој меч го добија со 13-0 и со тоа го обезбедија второто слободно место во националното финале на 11ти Април.

Со ова завршија првите квалификации на Red Bull Campus Clutch во Македонија, но ќе има и втори квалификации на 4ти Април, и тимови повторно ќе можат да се пријавуваат со цел да се изборат за место во националното финале на 11ти Април.

За да се пријавите на вторите квалификации кликните ОВДЕ.

Победникот на националното финале ќе има чест да ја претставува Македонија на Светското Финале од Red Bull Campus Clutch.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK