
На 20 Ноември заврши еден од најголемите настани во еспортот, каде Македонија го доживеа својот најголем успех и го освои престижното прво место во најпопуларната дисциплина, CS:GO.
Македонија беше претставувана во 2 категории:
CS:GO:
Јане “aidKiT” Апостолоски
Дамјан “kyxsan” Стоилковски
Александар “CacaNito” Ќулукоски
Павле “stYleEeZ” Стојановски
Кристијан “fodor” Поповски
eFootball 2022
Давид Гаревски
Во CS:GO беше навистина напнато од самиот почеток до крајот на целото првенство. Во групната фаза Македонија заврши на второто место, со еден пораз од Словачка и победa против Мексико.
Во осмина финалето нашите репрезентативци издвоија победа Словачка со 2:1, во четврт финалето ја поразија репрезентацијата на Косово со 2:0, но беа поразени од Романија во полуфиналето со 2:1. Поради тоа репрезентацијата на Македонија се најде во Lower Bracket, каде ги чекаше тешок противник, Украина.
Во полуфиналето во Lower Bracket, после израмнет резултат од 1:1 нашите репрезентативци се вратија од негатива и победија на можеби најтешкиот натпревар на првентството и се пласираа во финалето каде што ги чекаше реваншот против Романија.
И токму во тоа финале тие ја доминираа репрезентацијата на Романија со 2:0 и го освоија златниот медал и паричната награда од 10.000 долари. Ова е најголемиот репрезентативен успех кој е постигнат за Македонија.
Додека во категоријата на eFootball 2022 тензијата беше уште поголема.
Нашиот репрентативец Давид Гаревски оствари 3 победи против Шри Ланка, Нигерија и Црна Гора со резултат од 3:0 против истите.
Но, претрпе пораз од Мексико и Грузија со 3:1 и се пласираше на третото место во групата Б. Мексико и Грузија продолжија кон финалето, каде Грузија го освои првото место.
Светското првенство прв пат се одржа во Израел, во градот Ејлат од 16 до 20 ноемвери.
На ова Светско првенство се натпреваруваа повеќе од 45 држави во четири различни дисциплини и тоа: DOTA 2, Tekken 7, Counter Strike: GO (CS:GO) и eFootball 2022.