ESPORTS.MK

Разврска на пролетните сплитови во Европа и Северна Америка

Разврска на пролетните сплитови во Европа и Северна Америка
април 18
13:39 2022

Пролетниот сплит заврши во Европа, но сеуште трае во Северна Америка. 

Осум недели, 10-те тимови кои се натпреваруваа во LEC се бореа за пласман во пролетниот плеј-оф 2022 година, каде што само шест екипи ќе имаат шанса да се наречат себеси најдобри во регионот.  На крај, G2 излезе како најдобриот тим во Европа. Но, работите не одеа по планираниот редослед.

Тие паднаа во долниот дел од бракетот со поразот што го заработија против Fnatic на почетокот од плејофот. Сепак, тоа не ги обезхрабри и тие продолжија да играат. Тимовите против нив немаа решение и G2 стигнаа до финалето каде ги чекаше тимот на Rogue.  Двата тима на старт беа екстремно внимателни, но кога екипите одлучија да го направат големиот потег, екипата на G2 беше подобрата. И покрај најдобрите обиди од страна на Rogue, G2 беа победниците со 3-0 резултат.

Додека во Северна Америка познат е едниот финалист додека за другиот треба да се дознае следната недела кога ќе се игра финалето на долниот бракет. Еден од финалистите е екипата на 100 Thieves. 100 Thieves имаше навистина тежок противник кој го чуваше патот до финалето, а тоа беше Team Liquid, прво пласираниот тим на крајот од регуларниот сплит. Team Liquid започна со екстремно две убедливи победи и сите помислија дека финалето на горниот бракет ќе биде 3-0. Но, не беше така едноставно.

Тие им ги дадоа на Ssumday и на Closer совршени шампиони за да му дадат на својот тим одлична фронтална комбинација ( Orn и Jarvan IV), истовремено обезбедувајќи одличен придонес кон тимските борби. На тој начин FBI и Abbedagge беа слободни да направат колку што можеа поголема штета.

Последниот натпревар на крајот беше најблиску од сите нив, со тоа што 100 Thieves беа во водство во раните минути од натпреварот како и во двата претходни натпревари. Меѓутоа, Liquid возврати со неколку добро изведени тимски борби што го направија натпреварот близок, особено со нивниот супериорен состав за тимски борби. Како резултат на тоа, 100T знаеја дека можат да ја добијат играта само со backdoor стратегија, која беше реализирана благодарение на Twisted Fate пилотиран од страна на Abbedagge .

Борбата на EG против C9 за место во финалето на долниот бракет беше доста брзо со 3-0 елиминација на C9 од страна на EG. Покрај сите обиди на Cloud9 во драфтот и во гејмот, тие едноставно беа неорганизирани и не можеа да се спротистават на EG и на нивиот одличен ADC играч Danny. Со оваа победа EG е еден чекор поблиску до освојување на својот прв трофеј.

Сега EG ќе треба да ги поразат Team Liquid во финалето од долниот бракет ако сакаат да играат во главното финале против 100 Thieves. 

 

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ