ESPORTS.MK

PUBG Esports со нова структура во 2021 година

PUBG Esports со нова структура во 2021 година
февруари 08
12:27 2021

Јужно Корејската компанија KRAFTON, Inc ја објави структурата за PUBG esports екосистемот за 2021 година.

Претстојната сезона, што почнува со PUBG Global Invitational.S (PGI.S) оваа недела, ќе се состои од четири глобални PUBG еспорт настани што ќе се оддржуваат во текот на годината.

По завршуањето на PGI.S, дивелоперот на играта ќе ги оддржи четвртата и петтата едиција на PUBG Continental Series (PCS) во јуни и септември. Слично како минатата година, двата PCS настани ќе се онлајн регионални натпреварувања кои ќе се случуваат ширум Европа, Азија, Азија-Пацифик како и во Америките, кои се состојат од Северна Америка и LATAM. Сезоната ќе кулминира со PUBG Global Championship (PGC) во ноември.

Натпреварувачките тимови можат да осовјуваат circuit поени за време на секоја од регионалните PCS натпреварувања, каде водечките тимови ќе се квалификуваат за PGC на крајот од годината. Останати детали, како што се дополнителни начини за освојување на овие поени и наградниот фонд допрва треба да бидат објавени.

За време на 2021 сезона, KRAFTON објави дека ќе се фокусира на трите клучни работи за еден турнир од вакво ниво односно: фановите, професионалните играчи и глобалната репрезентација.

Според нивната објава, PUBG esports го идентификуваше искуството на фановите како „критична компонента на оваа програма“ и цели да создаде интересен и интерактивен стрим за сите гледачи. Во зоната на искуството на професионалните играчи, во објавата се спомнува зголемување на наградниот фонд како и зголемено делење на средствата. Како последна точка на фокус, целта на PUBG esports екосистемот е „да ги зближи најдобрите тимови во светот“.

Од таму додаваат дека The Pick’Em предизвикот ќе продолжи за секој од четирите настани и дека дополнителни настани организирани од трети страни ќе се објавуват во текот на годината.

Сцената на PUBG еспортот изгледа солидно за оваа година, со фокус на дивелоперите на клучни точки како што е зајакнувањето на фан базата и наводното зголемување на наградниот фонд. Додека PUBG Mobile продолжува да цвета, убаво е да се види како РС варијантата од оваа игра го зголемува својот еспорт напор.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ