ESPORTS.MK

PSG Talon успеа да влезе во групната фаза на Светското првенство во LoL 2020 година

PSG Talon успеа да влезе во групната фаза на Светското првенство во LoL 2020 година
септември 28
18:53 2020

PSG Talon стана првиот тим кој обезбеди пласман во групната фаза на СП 2020, откако во тај-брејк ги победија Unicorns of Love за првото место во групата Б.

Успехот во LoL, кој PSG не успеа да го постигне во Европа, се чини дека се најде во Тајван. Нивниот тим успеа да направи огромен успех, иако беа принудени да играат со дури три измени затоа што дел од нивните играчи што беа дел од првата постава мораа да останат во карантин подолго, но на крајот, тие промени ја донесоа предноста кога беше најпотребна.

Клучна улога во победата против UoL играа играчите на AHQ Esports: џунглерот Hsiao “Kongyue” Jentso и мид лејнерот Chen “Uniboy” Changchu. PSG Talon се одлучи за составот од на хероите во играта да биде целосно од late game champions, што Unicorns of Love знаеја како да го искористат и да поведат на почетокот на мечот.

UoL беа многу подобри во играта на објективи иако не видовме многу kills и се чинеше дека PSG нема да успее да формира доволно јака одбрана која ќе им овозможи да стигнат до делот од играта кога Orianna и Gangplank ќе можат да го покажат својот вистински потенцијал.

Но всушност Uniboy кој ја пилотираше Orianna, не само што успеа да ја освои борбата против Zigs кој имаше акумулирано голема предност против него во секој аспект, тој веќе и правеше огромни проблеми за UoL во тимските борби што беше одлично искористено од страна на неговиот тим.

Клучниот момент на натпреварот се случи при крајот на половина час од играта, кога PSG успеа да победи со резултат од 4-0 во долгата борба која се одвиваше од нивната база, па се до drake pit и тоа ја отвори вратата за освојување на Baron Nashor и изедначување на drakes. Со ова, тие речиси ја израмнија разликата во gold, а веќе во следната голема тимска борба прават чист АС ( 5-0 ) и тоа беше повеќе од доволно да стават крај на мечот и да го обезбедат билетот за понатамошен пласман.

Треба да се напомене дека PSG Talon од следната фаза ќе играат со полна пареа. Uniboy и Kongyue докажаа дека се едни од најдобрите играчи од комбинацијата mid-jungle duo досега и останува да се види дали нивното заминување всушност ќе го направи PSG послаб или тоа што составот конечно е заедно ќе овозможи на тимот да продолжи да ги изненадува останатите јаки ривали.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK