
Изненадувачки потег на тимовите PSG.LGD и CDEC кои ги заменија своите carry играчи.
Играчот на PSG.LGD, Wang “Ame” Chunyu се замени со Lai “Ahjit” Jay Son oд тимот на CDEC.
Откако испаднаа во втората група за квалификации во Leipzig Major, тимот на PSG.LGD се одлучи да направи промени во своите редови, иако немаа ништо променето во својот тим од 2018 година.
Нивниот нов играч Lai “Ahjit” Jay Son ќе има огромна мисија пред себе за да докаже дека е спремен да игра за Кинескиот гигант.
Lai “Ahjit” Jay Son, досега има играно за неколку тима од Азија и Кина, со овие неколку години искуство PSG.LGD смета дека е подготвен за големата сцена и да биде нивниот нов carry играч.
Фановите на PSG.LGD се прашуваат дали оваа замена е доволно добра и тврдат дека Wang “Ame” Chunyu е сеуште еден од најдобрите carry играчи кои постојат.