
Македонската Еспорт Федерација ја организира Прва Македонска Еспорт Лига во Dota 2.
Регуларниот дел од лигата се состои од седум кола. Официјлано лигата започнува со отворените квалификации на 08-ми мај 2022 година, а осумте најдобри тимови ќе имаат шанса да се натпреваруваат во регуларниот дел и плејоф-от од лигата каде што победничкиот тим ќе ја претставува нашата држава на Европското првенство.
Пријавите за отворените квалификации се затвараат на 07-ми мај во 16:00 часот а натпреварите ќе се одиграат на 08-ми мај со почеток во 16:00 часот. Доколку сакате да ја пријавите вашата екипа и сакате да сте дел од официјалните натпреварувања, тоа можете да го направите со клик ОВДЕ.
Пренос од отворените квалификации ќе нема, но, регуларниот дел како и плејоф-от ќе биде пренесуван во целост на каналот на МЕСФ.