ESPORTS.MK

Се гради првата голема еспорт арена на Балканот?

Се гради првата голема еспорт арена на Балканот?
декември 27
15:45 2019

Гејминг индустријата постојано расте во малото хрватско гратче Новска. Тие имаат започнато со работилници во школите околу гејмингот и еспротот и вклучуваат игри во училишната програма. За нив слободно можеме да кажеме дека одат еден чекор подалеку. Тие веќе го имаат почнато градењето на првата еспорт арена во Хрватска.

Првата е-спортска арена во Хрватска нема да биде во Загреб, Сплит, Ријека или Осијек, туку на патот од Новска до Јасеновац. Теренот е спремен, а целиот гејмерски кампус ќе се простира на две илјади квадратни метри и постојано ќе се проширува.
„Арената ќе има 4.000 места и сите потребни информации за коментаторите, натпреварувачи, ја преземаме целата идеја од постојните, од Јужна Кореја“, збори Марио Селан околу проектот кој е од Агенцијата за развој на округот Сисак-Мославина.

Парите ќе бидат обезбедени од фондовите на ЕУ, а тие ќе сметаат исто така и владината поддршка. Ним им требаат околу 30 милиони евра. Покрај арената, ќе се изгради и студентски дом и центар за претприемачи.

И гејмерите, кои вредно учат да прават видео игри на курсевите во Новска, се многу возбудени околу оваа работа. Предавачот Доминик Цветковиќ уверува дека Хрватска само чека вакво нешто. „Ако се изгради еспорт арената исто така ќе можеме и игрите  да бидат тестирани веднаш од професионални играчи“, додава тој.

Потенцијалот на еспортот го препозна и Ненад. Тој присуствуваше на работилниците во Новска и разви своја игра на која може да ги играш сите олимписки спортови. „Игравме на инфогамер, имавме навистина добри повратни информации таму, бевме номинирани за најдобар gameplay од страна на Indie игрите “, вели Ненад Фијала.

Еспортската индустрија, или професионалните натпревари за видео игри, заработува 2 милијарди долари годишно во светот. Дури и професионалните клубови, како PSG, ги имаат своите еспорт тимови. Во ова елитно општество, наскоро ќе влезе и малото хрватско гратче Новска.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK