ESPORTS.MK

Прв викенд на CEE Champions

Прв викенд на CEE Champions
октомври 12
16:15 2020

Започна и главниот евент на CEE Champions, и за почеток го имавме првиот викенд со фантастичен CS.

Првиот ден беше полн со акција откако на ждрепката на нашите екипи за противници им се паднаа Tenerife Titans на GoodGame односно Stewin Montenegro на GodZ1337.

Во првата игра каде ги имавме Tenerife Titans против GoodGame, мечевите се BO1 па така што одбраната мапа беше Train.

Мечот се одвиваше рунда за рунда каде што имавме фантастични фрагови од нашата страна, но на полувреме тие губеа со минимален дефицит од 8-7.

Вториот халф продолжи во иста дирекција тимовите разменуваа рунди и имавме фантастичен 2v1 од страна на KiK0tB за да отидат на 15-14 и потоа рутински ја затворија играта со краен резултат од 16-14.

Вториот меч од првиот ден за нашите екипи беше помеѓу GodZ1337 и Stewin Montenegro.

Мечот се играше на Mirage, каде што мисливме дека GodZ1337 рутински ќе ги победат Stewin Montenegro каде што на полувреме GodZ1337 водеа со 9-6. Но со нивното опуштање после доброто водство од 11-6 екипата на Stewin се вратија во мечот и го изедначија резултатот но потоа успешно се вратија во форма нашите играчи и успешно го затворија мечот со резултат од 16-12.

Преостанатите резултати од првиот ден се:

Вториот ден нашите екипи ги добија своите противници на GoodGame им се паднаа едни од фаворитите на турнирот односно GamerS1337 односно и другите фаворити на турнирот LevelUP esports на GodZ1337.

Прво ги имавме GoodGame vs GamerS1337, нивниот меч се играше на Mirage мапа која знаеме дека е една од подобрите на двете екипи но за жал GoodGame беа декласирани на овој меч како што на првиот халф отидоа со резултат 5-10 во корист на противник до крајот на мечот не можеа да земат ниту една рунда во нивна корист. Мечот се заврши со 16-5 во корист на хрватската екипа.

Вториот меч беше помеѓу GodZ1337 и LevelUP esports тие се соочија на Inferno, каде што противничката екипа забележи фантастични 11 рунди на потешката страна односно T side-от на мапата. Откако започна вториот халф нашите момци забележаа уште само две рунди за крајниот резултат да биде 16-6 за LevelUP esports.

Најефикасен играч на мечот беше Andrej “Necrogenes1s” Manceski со неверојатен K/D (30/15).

Преостанатите резултати од вториот ден:

Исто така еве и како изгледаат преостанатите групи.

Група А

Група Б

Група Ц

Група Д

Сепак нашите екипи се уште имаат шанса да обезбедат пласман во плеј оф-от но за тоа ќе им бидат потребни победи наредниот викенд.

Па да им пружиме поддршка и да ги бодриме наредниот викенд!

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK