ESPORTS.MK

Прв трофеј за Na’Vi после четири години

Прв трофеј за Na’Vi после четири години
декември 19
11:32 2020

Na’Vi is back!!

Тимот на Na’ Vi се победници на OGA Dota PIT Season 4: Europe & CIS, каде што во финалето ги победија OG со 3-0. Среќата на играчите беше очигледна со тоа што на крајот на третата партија се пишуваше на all chat, посебно од Iceberg.

Интересно е што финалето се играше еден ден одкако излезе новиот Patch, но играчите успеаа да се прилагодат на истиот. Во финалето може да се каже дека OG имаа и мала предност пред самиот старт со тоа што пред тоа тимот на Na’ Vi играа и финале во долниот бараж против Nigma за место во финалето, но и покрај тоа Na’ Vi  беа подобриот тим и го освоија трофејот.

Со победата на Na’Vi во Dota PIT и победата на Virtus Pro во EPIC League можеме да заклучиме дека во моментот тимовите од CIS регионот се на врвот, особено ако видиме дека најголемите имиња од тој регион како Ramzess, No One, Lil и други, се без тим, што ни укажува дека има многу нови млади таленти што се појавуваат од овој регион.

Што се однесува за тимот на OG ова е второ финале за нив за помалку од една недела, но и втор пораз. И покрај тоа што второто место не е утеха, може да каже дека во моментот многу подобро игаат тимот на OG со оглед на тоа што на турнирите пред EPIC League завршуваа на долниот дел од табелата што е нешто што никој не го очекуваше од тим како OG.

Како што се приближува крајот на годината, останува уште BTS Pro Series leagues да се игра за регионите на Americas, SEA и EU и со тоа ќе ја завршиме годината.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK