
За прв пат во нашата држава се одржа онлајн турнир во PUBG Mobile со награден фонд од 4000UC плус RoyalPass за еден играч (вреден околу 80 евра). Турнирот беше организиран од страна на админите на facebook страната PUBG Mobile N.Macedonia Official без никакви спонзори и донации од страна.
На турнирот беа пријавени вкупно 25 тима со по 4 главни и можност за 2 резервни играчи, од кои најголемиот дел од тимовите беа од нашата држава. Пријавените тимови може да се најдат на facebook страната PUBG Mobile N.Macedonia Official.
Се играа вкупно 8 мечеви во три дена. Првиот и вториот ден се играа по 2 меча, а во третиот ден се изиграа вкупно 4 меча со што и се дозна победникот на турнирот. Како прв турнир на секој тим му беше доделен предзнакот ТЕАМ и последователно реден број (пр. теам1,теам2,теам3 и т.н.)
Победници на турнирот се TEAM 25:
Играч 1. Антонио ”Smajlio” Андрески
Играч 2. Јован “JOVAN” Трпески
Играч 3. Мартин “mcsIznoGouD” Стојов
Играч 4. Андреј ”Jeans” Димитриев
Резерва
Играч 1. Марко ”mrAmonra” Марковски
Целта на организаторите била да се подигне еспортот во нашата земја на повисоко ниво со што играчите и љубителите на оваа игра ќе добијат повеќе мотивација за во иднина.
Во разговор со организаторите дознавме дека за турнирот имало голема заинтересираност и поминал во најдобар ред со мали инциденти од страна на некои од пријавените тимови. Беше и потврдено од нивна страна дека во иднина може да очекуваме повеќе турнири со поголем фонд на награди и онлајн стримови, секако ако има поголема заинтересираност од страна на играчите.