ESPORTS.MK

Прв LAN турнир во Дота 2 после една година

Прв LAN турнир во Дота 2 после една година
февруари 05
17:36 2021

Денеска PGL најави дека ќе биде одржан првиот DPC Major турнир во 2021 година, ONE Esports Dota 2 Singapore Major.

Нешто што не се знаеше за оваа година е дали и како ќе се организираат LAN турнири во Дота 2. Денеска PGL извести дека од 27ми Март до 14ти Април ќе се одржи првиот DPC Major турнир оваа година и ќе се одржува во Сингапур. Наградниот фонд за овој турнир ќе биде 500.000$, а исто така ќе бидат распределени и 2.700 DPC поени на осумнаесетте екипи кои што ќе се натпреваруваат. Тимовите кои што ќе бидат повикани ќе бидат најдобрите тимови од горната дивизија во секој регион.

Четири тима ќе бидат повикани од Западна Европа и Кина, три од  Југоисточна Азија и Источна Европа и по два тима од Јужна и Северна Америка.

До сега, во Кина, се играа одредени турнири во LAN, но од почетокот на пандемијата ова ќе биде првиот интернационален LAN турнир во Дота 2.

Последниот Valve Major што се одигра беше DreamLeague Season 13 во Јануари 2020, каде што победник беше Team Secret.

Овој турнир ќе означи крај на првата DPC сезона за 2021, но понатака ќе се продолжи со втората сезона и вториот Major турнир. Собраните DPC поени во сите четири Major турнир што следат, ќе одредат кои тимови дирекно ќе бидат повикани на The Internacional 10.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK