ESPORTS.MK

Прв ден eEURO PES21 квалификации, С. Македонија е на третото место во групатa А

Прв ден eEURO PES21 квалификации, С. Македонија е на третото место во групатa А
март 17
16:08 2021

Заврши првиот ден од фаза 2 од eEURO PES21 шампионатот што е во организација на UEFA, односно регионалните квалификации.

Нашите претставници, Давид Гаревски и Ташко Илијев, кои беа првоквалификувани во фазата 1 или националните квалификации на Северна Македонија, ги одиграа своите први мечеви од првото коло. Тие играа со репрезентативците на останатите држави во оваа група А или Шпанија, Украина, Финска и Естонија, што впрочем е исклучително тешка група за игра. Успееја да остварат една победа врз Финска, да одиграат нерешено со Естонија, но беа поразени од Шпанија и Украина. Ваквиот прогрес ни овозможи четири поена и актуелно трето место од табелата по завршетокот на првата рунда од ова двојно Round Robin натпреварување. Инаку во Round Robin форматот потребно е секоја држава да одигра по два BO2 меча, за секое коло од оваа фаза следствено и на тој начин најдобрите две држави од секоја група ќе имаат шанса да го продолжат натпреварувањето понатаму.

Вториот сет на мачеви од оваа фаза се закажани за 12. април каде тие ќе треба да одиграат уште едно коло со кое ќе се финализира пласманот на табелата и ќе се знае кои вкупно 16 тима ќе продолжат во фазата 3.

eEURO PES21 квалификациите на ниво на Северна Македонија се органзирани од Македонската Еспорт Федерација и Фудбалската Федерација на Македонија, заедно во соработка со UEFA.

Од UEFA велат дека првиот ден поминал во најдобар ред, успеано е да се постигнат вкупно 369 голови, додека главниот канал на настанот на Youtube бил посетен од повеќе од 50 илјади гледачи за време на преносот во живо.

Инаку Македонската Еспорт Федерација од неодамна е признаена од Олимпискиот Комитет на Северна Македонија и е негова членка што е одлична вест за сите аматерски и професионални еспорт играчи во државата, како и за статусот на еспортот кај нас.

Во меѓувреме им посакуваме многу успех на нашите репрезентативци во второто коло од фазата 2 од овој Шампионат и им држиме среќа за да го освојат долгозаслужуваниот пласман.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK