ESPORTS.MK

Проблеми за тимовите пред престојниот ONE Esports Singapore Major

Проблеми за тимовите пред престојниот ONE Esports Singapore Major
март 21
16:54 2021

Клучни играчи нема да играат на престојниот Singapore Major за Na’Vi, Neon Esports и Virtus.Pro.

Една недела пред почетокот на долго oчекуваниот прв LAN турнир за 2021, ONE Esports Singapore Major, одредени тимови се најдоа во ситуација да прават промени во ростерите.

Пред неколку дена Virtus.Pro најавија дека се големи шансите нивниот кери играч, Egor “Nightfall” Grigorenko, да не игра на Singapore Major поради здравствени проблеми.

Од организацијата не потврдија дали станува збор за Ковид-19, но уште веднаш најдоа замена во случај Nightfall да не може да патува за Сингапур. Igor “iLTW” Filatov ќе ја завземе позицијата на кери играч во замена за Nightfall. Овој играч е добро познат на Дота 2 фановите, а посебно на фановите на Virtus.Pro со оглед на тоа што има играно за огранизацијата.

Virtus.Pro изгледаа одлично во првата DPC сезона, земајќи го првото место во Источна Европа(CIS) со конечен резултат од 7:0, односно 14:1 во одиграни мечеви.

Хемијата помеѓу моменталниот состав е одлична и затоа не знаеме како ќе настапат на престојниот турнир без Nightfall.

Virtus.Pro не се единствениот тим со проблеми во ростерот. Andrii “ALWAYSWANNAFLY” Bondarenko и Bogdan “Iceberg” Vasilenko од тимот на Na’Vi, се позитивни за Ковид-19 и нема да можат да играат на Singapore Major.

Na’Vi, како и Virtus.Pro, одлично играа во првата DPC сезона и завршија на второто место во CIS регионот. Замени за овие двајца клучни играчи ќе бидат Roman “RAMZES666” Kushnarev, поранешен играч на Virtus.Pro и Evil Geniuses, и Andrey “MAg-” Chipenko , моментланиот тренер на Na’Vi.

Проблеми во ростерот имаат и Neon Esports. John Anthony “Natsumi” Vargas, кери играчот на тимот, нема да игра во Синапур. Во изјавата која што ја даде тимот, не наведоа поради која причина Natsumi нема да игра во Сингапур, а се надеваме дека не станува збор за Ковид-19. Како замена за Natsumi, тимот го донесе поранешниот офлејнер на тимот, Rafael “Rapy” Sicat Palo, но ова доведе до промена на позиции за играчите. Rapy, нема да игра на позиција офлејнер како во минатото, туку на позиција сапорт, а капитенот на тимот Rolen Andrei Gabriel “skem” Ong ќе игра како кери.

Дали ќе има промени во ростерите на други тимови, останува да видиме.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK