ESPORTS.MK

Пријави учество на Red Bull Campus Clutch и гејмај за PC Intel Phantom

Пријави учество на Red Bull Campus Clutch и гејмај за PC Intel Phantom
март 25
19:06 2021

Напишавме, раскажавме и посочивме 1001 една причина зошто треба да се пријавиш на Red Bull Campus Clutch. Но, за на крај зачувавме неколку причини кои нема да те остават рамнодушен.

Мораме малку да побрзаме, бидејќи времето нè гази. Оваа недела (28.03.2021) со почеток во 15 часот започнуваат квалификациите на Red Bull Campus Clutch, кои заедно со финалето ќе се стримаат на Twitch каналот на GGTV. Наша задача е да ти презентираме причина плус за дефинитивно разрешување на твоите дилеми и трилеми.

Значи, победничкиот тим ќе добие 5 x слушалки модел “Steelseries Arctis 1” и 5 x подлоги за глувче модел “Steelseries Qck Medium”. Одлично, но тоа не е сè!

Покрај овие награди, победниците ќе имаат шанса да се натпреваруваат на првиот глобален турнир во VALORANT, во конкуренција на тимови од 50+ земји-учеснички, можност да ги запознаат најголемите VALORANT ѕвезди кои ќе се натпреваруваат на престојниот VALORANT Мастерс, еден од трите настани годишно кои се дел од програмата на Шампионската Турнеја 2021 и неповторливата шанса да освојат парична награда од 20,000 евра.

Еден од натпреварувачите ќе си добие компјутер модел Intel Phantom, и тоа пази сеа, истиот не мора да е победник, најдобар меѓу најдобрите или Господар на VALORANT. Условот е да се истакне во некоја категорија која ќе ја откриеме на крајот на првенството на 11.04.2021 година.

  • Не значи дека ако не си пласирал во финале дека нема шанса да добиеш ѕверска компјутерска машина.
  • Категоријата и критериумот според кој ќе се бира среќниот добитник е сè што не очекуваш.

Од награди никогаш доста! Во игра се два пара слушалки модел Steelseries Arctis 9 + крииилја,наменети за гледачите.

Како за крај, спремно е уште едно изненадување за победничкиот тим, кое не го откриваме сега за сега, но ќе го откриеме наскоро. Пријави се, нема да зажалиш!

Извор: RedBull.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK