ESPORTS.MK

Пријави се за Red Bull Campus Clutch

Пријави се за Red Bull Campus Clutch
февруари 25
16:50 2021

Red Bull Campus Clutch е првиот глобален турнир за студенти во гејмање за најозборуваната, најгледаната и најиграната игра на годината, VALORANT. Со повеќе од 50 земји-учеснички, ова е најголемиот настан од ваков карактер, посветен и креиран за сите оние студенти кои сонуваат да играат како секој професионален играч на VALORANT.

Додека пак VALORANT е воено-тактичка игра со пукање во прво лице (FPS), која се игра во тимови од по 5 играчи, совршена за гејмери кои имаат добро истренирани рефлекси за изведување на прецизни движења со оружје. Создадена од креаторите на League of Legends, Riot Games, VALORANT е игра која се базира и фокусира на системот Пребарувај и Уништи, каде едниот тим напаѓа со поставување на бомба, а другиот тим се брани со деактивирање на бомбата. Нешто како CS:GO, ама со една голема разлика – можеш да пушташ магии и да “вадиш магиски трикови од ракав“.

Постојат одредени правила и прописи кои мора да се почитуваат.

  • Прво, што треба да направиш е да оформиш тим, но и да не успееш да оформиш тим можеш како соло играч да се приклучиш на веќе постоечки тим. Тимот мора да се состои од 5 играчи, сите постари од 18 години и запишани на универзитет (не мора сите да се од ист универзитет). Притоа тимот мора да остане скоро-па-непроменет низ сите фази на турнирот, со тоа што дозволена е промена на само еден играч, во било која фаза од турнирот. За времетраењето на турнирот, еден играч може да биде член на само еден тим.
  • Второ, треба да провериш дали се оддржуваат квалификации во твојата држава (не се мачи, Македонија е на листата и истите ќе се оддржат на 28 Март 2021 година).
  • Трето и последно правило, треба да го пријавиш твојот тим ТУКА.

Инаку, патот до светската слава и големото глобално финале започнува со квалификации на национално ниво. Четирите најдобро пласирани тимови од квалификациите се пласираат на националното финале во Македонија, а победникот и воедно најдобриот тим од Македонија оди на првото масовно глобално финале во VALORANT, кое е закажано да се оддржи во Јуни 2021 година.

Ако ова не ти се доволно добри причини да оформиш тим и да се бориш за глобална популарност, тогаш неповторливата шанса да се натпреваруваш со своите врсници на една глобална платформа, можноста да ги запознаеш најголемите VALORANT ѕвезди кои ќе се натпреваруваат на престојниот VALORANT Мастерс, еден од трите настани годишно кои се дел од програмата на Шампионската Турнеја 2021 и секако паричната награда од 20,000 евра, се дефинитивно повеќе-од-доволна-причина за да се “загрееш” и подготвиш за учество на Red Bull Campus Clutch.

Оформи тим, пријави се и победи!

Извор: RedBull.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK