
На 9-ти Ноември оваа година една од најлегендарните видео игри, Counter-Strike, беше издадена како мод за Half-Life програмиран од Minh Lee и Jess Cliffe.
Оваа легендарна игра го има врежано својот идентитет во еспорт светот и беше една од игрите поради кои еспортот стана мејнстрим низ целиот свет.
Последното издание, Counter Strike: Global Offensive, беше издадено во 2012 година и беше многу популарно победувајќи ги сите конкуренти на гејминг сцената. Моментално играта е една од најиграните игри како во професионалниот гејминг така и во аматерскиот.
Дозволете да го прославиме 20-тиот роденден од нашата омилена FPS игра. Многумина од нас пораснаа играјќи ја оваа игра и многу ни е мило за успехот што го достигнува еспортот во оваа игра.
© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.
Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.